• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

06.12.2018 година

Во врска со соопштението на Претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски од 03.12.2018 година, Синдикалната организација при Јавните обвинителства на РМ, членка на Синдикатот на УПОЗ, најостро реагира на ова соопштение особено во делот, цитираме  „На Судскиот буџетски совет не му е јасно зошто Синдикатот на УПОЗ не реагира на исплатите на додатоци на плата од овој вид за јавните обвинители и јавно обвинителски службениции оценуваме дека ова е обид да создаде раздор и нетрпеливост меѓу судската и јавнообвинителската служба. Цениме дека со соопштенија  не се нудат  решенија на постоечките проблеми на Судската служба, туку тие сами ја продлабочуваат кризата и ќе имаат само негативен ефект врз целокупното работење во правосудниот систем.

 

Синдикалната организација при Јавните обвинителства на Република Македонија, смета дека, наместо Претседателот на Судскиот буџетски совет да помогне да се донесат измените на Законот за судска служба и судските службеници да имаат рамноправен третман, тој со ваквите изјави сака да ја  изманипулира јавноста, да се изземе од сопствена одговорност за вакивите состојби во судстовото и вината за тоа да ја префрли на Синдикатот на УПОЗ,со што ги деградира и Јавните обвинители и Јавнообвинителските службеници.

Во оваа прилика, напоменуваме дека надоместокот кој што моментално го примаат Јавнообвинителските службеници е во висина од 5% иако, согласно Законот за јавнообвинителска служба на јавните обвинители и јавнообвинителските службеници им следува додатоци на плата во износ од 35%. Синдикална организација при Јавните обвинителства на РМ, смета дека износот на надоместокот кои што сега го примаме ни од далеку не е доволен, но дека Јавните обвинители и Јавнообвинителските службеници трпеливо чекаа да се направат измени во Законот за судска служба и да се овозможи еднаков третман на сите вработени во Јавните обвинителства и судовите.

Синдикалната организација при Синдикалната организација при Јавните обвинителства на РМ, ги поддржува напорите на Синдикатот на УПОЗ за изнаоѓање решение за судските службеници за остварување на нивните правата и враќање на парите на судските службеници кои во 2016 година беа незаконски одземени за време на штрајкот.