• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

20.12.2018 година

Со одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата, бр.02-1941/10 од 19.12.2018 година, донесена од  Судскиот буџетски совет, се утврдува дека се обезбедени средства за исплата на додатоци на плати на судии и членови на судскиот совет на Р.Македонија за месеците септември и октомври 2018 год.              

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА сметаат дека оваа одлука е донесена ретроактивно, истата не е законска и е на границата на безобразност и дрскост. Ваквата одлука посебно ја иритира Судската служба бидејќи за неа на Судскиот буџетски совет не се направени никакви обиди ниту напори да биде најден начин за исплата на било каков додаток или друг вид паричен надоместок, дури не се нашло нити можност да се исплати износот предвиден со решенијата за успешност за месец март 2017 година донесени на ден  04.04.2017 година, а врз основа на одлука на СБС бр. 02-316 /16 од 04.04.2017 година.

Зачудува фактот што Судскиот буџетски совет донесува одлука за исплата на додатоци и на членовите на Судскиот совет , меѓутоа не наведува со која законска одредба ја потврдува оваа одлука. Што би значело дека единствено за вработените во судската служба се бараат законски одредби, а за сите останати одлуките може да се носат и без за тоа да имаат поткрепа во позитивните законски прописи. Со оглед дека ваквата одлука Синдикатот на УПОЗ и ЗСА ја сметаат за незаконска, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА побараа ваквата незаконска одлука да биде ставена вон сила и да не дојде до нејзина реализација. При тоа се побара цврста гаранција за побрзо донесување на Законот за судска служба и неговите измени во делот за додатоци на плата.

Во текот на денешниот ден пред пишувањето на овој допис известени сме дека се во тек активности за утврдување на законитоста на оваа одлука, како и активности за спречување на реализација на оваа одлука доколку се утврди нејзината незаконитост.

Исто така Ве известуваме дека постапката за измени на законот на Судска служба во делот на додатоци на плата е во тек, дека тие измени се наоѓаат пред Министерството за финансии заради утврдување на фискалните апликации и дека процедурата за донесување на овој закон ќе биде завршена во најкратки можни законски рокови.

Во текот на следната недела закажана е средба со Премиерот на Р.Македонија исклучиво за проблемите на вработените во судската служба. На оваа средба ќе бидат присутни преставници од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.

Доколку барањата на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА не бидат исполнети, Синдикатот на УПОЗ на денешната седница на Претседателството ќе донесе одлука за датумот на штрајкот во судовите, кој што штрајк ќе биде најригорозен од сите досега одржани штрајкови.