• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

21.12.2018 година

PECE

Синдикат на УПОЗ и ЗСА како реакција на скандалозната и незаконски донесена Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата на судии и членови на судскиот совет на Република Македонија за месеците септември и октомври 2018 година донесена од  Судскиот буџетски совет во понедленик ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски.

Ова го најави на денешната конференција за медиумите претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски кој рече дека очекувале претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски да се одважи и од морални причини да си поднесе оставка, но со оглед на тоа што до овој момент тоа не се случи тој се прашува дали има надлежна институција во државава која може да му застане на патот на злоупотребите и самоволието на овој човек.

 ,,Синдикатот на УПОЗ и ЗСА во понеделник ќе поднесат кривична пријава против Зоран Караџосвски заради очигледната злоупотреба на службената положба со двете Одлуки потпишани од него за исплата на додатоци на плата на судиите и на членовите на Судскиот совет. И правта и втората одлука на претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски се скандалозни бидејќи основа за исплата на плата на членови на Судски совет не постои, а уште поскандалозна е втората Одлука од 19 декември за ретроактивна исплата на плата на судиите и на членовите на советот, рече Грујовски и додаде:

,,Доколку судиите согласно со оваа Одлука ги примат додатоците за септември и октомври, а посебно ако тоа го направат и по втор пат членовите на Судскиот совет ќе станат соучесници во ова кривично дело што го направи претседателот на  Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски. Но, не се само овие негови злоупотреби и прекршувања на законите. Имено, за време на штрајкот во 2016 година намалувајќи им ја платата на судските службеници се правдаше дека ако не постапи така ќе го прекрши членот од Законот за судска служба и со тоа ќе го оштети Буџетот на државата, и веднаш потоа го прекрши Законот и наместо со поедничени решенија штрајкувачите беа казнети со наредба до благајните да им се задржи 40 посто од платата. Како што реков, двете Одлуки за исплата на додатоци на плата се сканадалозни, и онаа од 30 ноември и онаа  од 19декември со која ретроактивно ќе се исплаќаат додатоци на плата на сите судии и членовите на Судскиот совет, подвлече на денешната конференција за медиумите претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски.  

Тој рече дека Синдикатот на УПОЗ и ЗСА не се против додатоците на плата бидејќи тоа право им следува законски на судиите и доколку не им се исплати можат по судски пат да го остварат, а не со незаконска Одлука за ретроактивно исплаќање донесена од Судскиот буџетски совет.

Токму затоа, Грујовски го повика Караџовски којшто сака да се претставува како легалист да одговори на неколку прашања.

,,Го повикувам Караџовски да одговори: дали води сметка за законските основи само кога е во прашање судската служба и нивните права и ги казнува согласно со Законот, а безобразно го крши Законот кога се во прашање правата на судиите! Тој свесно и со намера прави злоупотреба на службената положба со неговите одлуки, особено со Одлуката за додаток на плата да добијат и членовите на Судскиот совет. Судските службеници за месец април 2017 година имаат добиено решенија за додаток на плата од 10 насто и тоа беше некое преодно решение заради коешто почуствувавме дека ќе има напредок и дека и судските службеници ќе го добијат тоа право. Меѓутоа тоа право не го остварија и затоа прашуваме зошто Судскиот буџетски совет досега не ги реализира овие решенија за судските службеници? Дали некој намерно ја провоцира судската служба да предизвика незадоволство кое може да има несогледливи последици затоа што е огромно незадоволството меѓу вработените од ова што се случува. За едни важат законите за други неважат!, рече Грујовски.

Синдикатот на УПОЗ и ЗСА побараа јавно да се произнесат членовите на Судскиот буџетски совет кои ја донеле оваа одлука на чело со Караџовски, кои се тие што евентуално не гласале за ваквата одлука, односно двете одлуки, или едногласно се донесени одлуките по онаа народната сложни калуѓери и во петок мрсат. Потенцираа дека право на додатоци на плата за посебни услови на работа имаат и јавните обвинители и јавнообвинителските службеници и дека тоа им го гарнатира Законот, но, тие не го остваруваат бидејќи во однос на судството немаат свој Буџет со кој располагаат.

 ,,Бараме итно да си ги остварат нивните  права во спротивно ќе бидеме принудени правата на вработените во јавните обвинителства да ги оствариме по судски пат бидејќи постои законски основ. Доколку дојде до штрајк, пак тој ќе биде досега најригорозен бидејќи луѓето се подготвени да ги затворат вратите, воопшто да не се работи дури ни итните предмети бидејќи револтот е огромен и затоа апелираме и до извршната и до судската власт посериозно да го сватат ова прашање. Ние долго апелираме до Владата, но досега споро одат работите и јас жалам што досега не се донесоа измените на Законот за судска служба во делот за додатоци на плата за и судските службеници да ги добијат тие права, заврши престедателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски обраќајќи се на денешната конференција за медиумите.

Право на додатоци на плата за посебни услови за работа имаат и јавните обвинители и јавнообвнинителските службеници, но тие не го остваруваат ова право бидејќи во однос на судството, тие немаат свој буџет со кој располагаат. Доколку итно не си ги остварат своите права, тие овие права ќе ги остварарат преку судски пат, што ќе нанесе штета на Буџетот на РМ. 

Сепак рече дека ќе бидат крајно претпазливи бидејќи се чини дека целта на Караџовски е намерна провокација за да предизвика повторно штрајк за кој повторно би ги казнил судските службеници и затоа доколку дојде до штрајк тој нема да трае повеќе од 60 дена, односно ќе трае два-три дена и би бил ригорозен и затоа повика на разум и седнување на заедничка маса за решавање на проблемите.