• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

08.03.2019 година

“Жените се вистински архитекти на општеството” рекол Harriet Beecher Stowe!

И кој би можел да не се сложи со оваа мисла!? Тие-жените се темелите на кои почива не само општеството, туку и семејството, темелите на секоја животна, но и работна структура. И кога денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на жената 8 март токму со оваа мудра мисла со која ние потполно се сложуваме сакаме да им изразиме почит на сите жени. 

И сметаме дека е вистински момент да кажеме што НЕ Е 8 МАРТ!

8 март не е само ден на мајката бидејќи жената не е само мајка!

8 март не е ден за цвеќе бидејќи жената не заслужува цвеќе само еден ден во годината!

8 март не е ден за сексизам бидејќи жената не е само субјект, туку таа е и работник, наставник, политичар, синдикалец....!

8 март не е ден за мала почит бидејќи жената треба се почитува секој ден!

8 март не е ден за понежниот пол бидејќи општеството не се гради на поделби па макар тоа биле и поделби од ваков тип!

8 МАРТ е ден за потсетување на борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените!  

И не се само жените тие коишто треба да се еманципираат! Целокупното општество треба да се еманципира. Тука се гледаме и ние самите како дел од оние што исто така треба да се еманципираат бидејќи нашите сограѓанки кои се и синдикалки треба да ги поддржиме во оваа борба за еднаквост, борба за искоренување на неправедната поделба на улогите, затоа што е потребна целосна слобода и рамноправност помеѓу жените и мажите. Само така може да се изгради праведно, демократско и прогресивно општество.

Сега е вистински момент да констатираме дека жената работничка, синдикалка, општествено активна, е жена која катадневно наидува на дискриминација по различни основи: пол, род, работа, плата и сл.

Па дури и законите не прават разлика помеѓу род и пол, или иако законски е забранета дискриминација таа е присутна со самото тоа што на жената традиционално и се доделува улогата на жена-домаќинка, мајка и сл.

Па така, жените се отпуштаат од работа заради бременост, жената добива помала плата од мажот за иста работа. Поголем процент од невработените со високо образование се жени, но затоа, пак помал процент од вработените се токму: жени! Како што и ептен мал процент од нив се на раководни функции, а и кога се на раководни функции се со помали плати.

Ете, ова се прашањата за кои Синдикатот на УПОЗ ќе се залага да се решаваат системски и ќе ги вклучува активно сите жени, а не само синдикалките затоа што поделбата треба да ја искорениме почнувајќи од нас!

Нека е честит 8 март- Меѓународниот ден на жената!

Синдикат на УПОЗ

Секција на жени при Синдикатот на УПОЗ