• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

06.05.2019 година

rsz sudski sovet

Унапредување на соработката, учество на Синдикатот во работата на Судскиот буџет, продолжување со исплатата на додатоците на плата на судската служба и зголемување на платите во судовите беа дел од барањата и прашањата на Синдикатот на УПОЗ на првата средба со новоизбраниот претседател на Судскиот совет Киро Здравев.

 

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Р. Македонија Пецо Грујовски, заедно со Генералниот секретар Трпе Деаноски, на првата средба проследија низа барања за заштита на правата на членовите - вработените во судската администрација.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ му го честиташе изборот за претседател на Судскиот совет на Р. Македонија, а воедно побара соработката помеѓу Синдикатот и Судскиот совет да се подигне на повисоко ниво бидејќи истата во изминатиот период беше на најниско можно ниво.

Претседателот на Судскиот совет беше запознаен со барањата на Синдикатот на УПОЗ за учество на претставник на Синдикатот во работата на Судскиот буџетски совет, Советот на судската служба како и со предлогот за формирање на посебно тело кое ќе биде надлежно за судската служба.

Исто така, беше побарано платите на судските службеници и другите вработени во судовите да имаат континуиран раст како би се намалила разликата помеѓу платите на судските службеници и судиите. Во однос на барањето за враќање на задржаните средства за време не штрајкот се разговараше за начинот на враќање на истите бидејќи средствата веќе се обезбедени од страна на Владата на Р. Македонија.      

Претседателот на Судскиот совет изрази подготвеност за подобрување на соработката помеѓу Синдикатот и Судскиот совет и истакна дека како долгогодишен судија многу добро ја познава работата на судската служба. Од негова страна беше истакнато дека работата во судовите е тимска и дека судиите не можат без судската служба но и дека судската служба не може без судиите, а воедно покажа и подготвеност за изнаоѓање решение за враќање на задржаните средства од штрајкот во судовите.