• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

27.05.2019 година

учесници на тренинг

Младите синдикални активисти од Србија, Република Српска, Црна Гора, Македонија и Словачка, од 20 до 25 мај 2019 година, во Братислава учеа за човековите права, со фокус на работничките права за младите и негативните појави што ги нарушуваат постоечките механизми за заштита. Идејата беше стекнатото знаење понатаму да се пренесува на врсниците во нивните земји на работилници кои ќе произлезат од тренингот во Словачка.

И Секцијата на млади при Синдикатот на УПОЗ, како партнер во проектот "ПРАВА НА РАБОТА, РАБОТАТА ЗА ПРАВАТА" зема учество на тренинг курсот кој е поддржан од Erasmus+ програмата на Европската унија KA2 – Capacity Building in the Field of Youth / Western Balkan Window заедно со партнерите од другите земји.

 Во проектот се вклучени: Синдикатот за управа и правосудство на Црна Гора, Синдикатот на управа на Србија, Синдикатот за управа на Република Српска и Синдикатот на УПОЗ и освен од синдикатите учесници во проектот поддршка во текот на целиот тренинг и за време на целата работа, добија и од младинските здруженија на граѓани кои се занимаваат со правата на младите, односно координаторот на проектот Развојниот центар за млади од Белград, домаќинот на тренингот YouthWatch Словачка, Фондацијата Будва, Синдикално едукативниот центар од Бања Лука и Коалицијата на младински организации „СЕГА” од Прилеп. На тренингот присуствуваа и претставници од Центарот за напредни студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Риека, како партнер кој го координираше целокупното истражување, поставувајќи со тоа основа за понатамошниот тек на проектот.

За време на проектот до сега е спроведено истражување во Србија, Република Српска, Македонија, Црна Гора и Словачка за тоа колку младите работници се запознаени со нивните работнички права, врз основа на што се изработија национални извештаи и се направи регионален пресек, со споредба на состојбата во земјите кои не се членки на Европската Унија со оние кои се, во случајов тоа е Словачка.

За време на тренингот во Братислава продолжија и подготовките за промотивната и информативна кампања, а акцентот по тренингот беше ставен на работилниците на младите синдикални едукатори кои сами ќе ги спроведуваат меѓу вработените врсници во земјите од каде што доаѓаат.

Првиот состанок на проектот ,,Правата на работа, работа за правата” се одржа на  12 декември 2018 година, во Белград, Србија, на кој исто така земаа учество  претставници на повеќе синдикати од регионот.