• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

05.07.2019 година

Гранскиот Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата, регресот за годишен одмор, исплата на дневници за службени патувања во земјата, јубилејните награди, Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавен сектор беа теми за разговор на работиот состанок кој денеска се одржа помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ.

Поради претседателстките избори извесен период преговорите околу колективниот договор беа ставени во мирување. Денеска тие продолжија на средба на претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) Пецo Груjовски и генералниот секретар Трпе Деаноски на работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и заменик министерот Александар Бајдевски.  

 Главна тема на разговорот беше гранскиот Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата за којшто преговорите помеѓу работните групи почнаа кон крајот на август 2018 година. Исто така, на средбата се разговараше и за регресот за годишен одмор - популарниот К-15, како и за исплата на дневници за службени патувања во земјата и јубилејните награди. Во врска со Колективниот договор на средбата уште еднаш беше потенциирано овој Колективниот договор да важи само за членовите на синдикатот. Изнесените аргументи во врска со ова прашање беа прифатени за што договор треба да биде постигнат на една од наредните средби. Синдикатот на УПОЗ очекува во најскоро време да се потпише Колективниот договор и тој ќе биде прв грански Колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година. Во него е предвидено да се добијат и голем број други права кои на државните службеници со години наназад им беа ускратувани.

Министерот Манчевски и заменикот Бајдевски, на средбата ги информираа претставниците на Синдикатот на УПОЗ со активностите на МИОА во врска со хоризонталната анализа која се прави во функција на реорганизација на вработените во администрацијата. На средбата заеднички беше констатирано дека Синидиактот на УПОЗ како репрезентативен синдикат ќе биде вклучен во сите процесот на реоганизација на администрацијата, која е планира да им се понуди крајот на годинава на дел од вработените во администрацијата кои би сакале да заминат во приватниот сектор, а тоа да биде доброволно за оние што ќе ги прифатат критериумите.

Исто така на оваа средба, беше ветено и дека работните верзии на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор наскоро ќе бидат доставени до Синдикатот на УПОЗ, со цел тој да се прозинесе по предложените решенија.

На средбата беше заклучено дека наредниот период ќе биде мошне интензивен со повеќе работни средби помеѓу МИОА и Синдикатот во врска со прашањата кои денес беа покренати на средбата.