• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

02.12.2019 година

family photo

На 29.11.2019 година, во Београд се одржа завршната конференција на проектот Права на работа, работат за правата на кој учество зедоа 10 партнери од шест држави од регионот и Европската унија. Во периодот од декември 2018 година до декември 2019 година членовите на конзорциумот на овој проектот, реализираа голем број на активности насочени кон информирање и едукација на младите вработени за правата од работен однос, како и за појавите со кои се соочуваат но и достапните механизми за заштита.

Во реализација на овој проект, учествуваа претставници на младинскиот, синдикалниот и образовниот сектор и тоа: Развоен центар за млади и Синдикатот на управата на Република Србија од Србија, Синдикат на управата на Р. Српска и Синдикално едукативниот центар од Босна и Херцеговина, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ) и Коалиција СЕГА од Северна Македонија, Синдикатот на управата и правосудството на Црна Гора и Фондација Будва од Црна Гора, Центарот за напредни студии ЈИЕ Универзитет во Риека од Хрватска и Јут воч (Youth Watch) од Словачка.

Проектот е воден со две пораки, а првата е: Не се работи за тоа што државата може да направи за тебе, туку што ти можеш да направиш за државата, а другaтa е, биди и ти промената која сакаш да ја видиш во светот. Токму тоа е она што го правиме. Нашата цел беше да ја подигнеме свеста на младите вработени со цел да ја подобрат својата положба во работната околина. Тоа е затоа што само задоволен работник, може да биде продуктивен работник” - рече Александра Кнезевиќ, координатор на проектот Права на работа, работата за правата која воедно е и програмски директор на Развојниот центар за млади од Београд.

Конкретните резултати од проектот се обработени на детална регионална анализа за тоа колку младите вработени се информирани за правата од работен однос, и затоа 36 едукатори беа обучени како да ги пренесат знаењата и информациите за младите во нивното опкружување. Овие едукатори, одржаа повеќе од 40 работилници на кој учествуваа над 600 млади кои се информираа за темата и работата на проектот.

Од посебно значење за овој проект, беше изработката на 10 видео клипови со најчестите прашања и одговори со кои се соочуваат младите вработени, а за таа цел беше изработена анимација и брошура “Водич низ правата од работен однос, појавите со кои се соочуваат и достапните механизми за заштита.

Процесот и интензивната комуникација со младите дадоа резултат дека ова прашање е од исклучително значење и влијае директно на животот, што дава дополнителна вредност на овој проект, кој е поддржан од Европската унија, од програмата Ерасмус + КА2: Градење на капацитети во младинското поле за Западен Балкан.

Со оваа конференција се означи крајот на овој проект и неговите активности, кој допринесе за поголема информираност на младите, но значи и почеток на активностите кои треба да продолжат во сите синдикати со цел подобра информираност на младите и запознавање со нивите права од работен однос.