ЧЛЕНОВИТЕ НА ИЗБОРАЧКИТЕ ОДБОРИ И КОМИСИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОГОЛЕМ НАДОМЕСТОК

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) на 19.06.2020 година во пресрет на Парламентарните избори, писмено се обрати до Државната изборна комисија (ДИК), со барање да се исплатат поголеми награди за учесници во изборниот процес. ДИК го прифати барањето на Синдикатот на УПОЗ и донесе одлука за наградување на членовите на избирачките одбори и комисии.

Имајќи ја во предвид здравствената ситуација во која се наоѓа нашата држава, Синдикатот на УПОЗ побара од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита во Државната изборна комисија, но и за учесниците во изборните процеси, односно административните работници.

После еден месец од одржувањето на Парламентарните избори, ДИК на 07.08.2020 година, донесе едногласна одлука за зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори за 100%, за членовите на општинските изборни комисии за 20%, а за здравствените работници кои учествуваа во изборниот процес да добијат по 6.000 денари.

Овие износи не се награда за сработеното, туку надомест кој секој учесник во изборниот процес професионално и успешно го изработил, за време на најголемата здравствена криза како и неговата изложеност.

Синдикатот на УПОЗ поздравува оваа одлука на ДИК да се наградат учесниците во изборниот процес, со што уште еднаш се докажа дека административците знаат и умеат да спроведат изборни процеси и во иднина ќе бидат главен двигател за нашата држава на патот кон Европската унија.

Epsu

Видеа

More Videos
Watch the video