• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

На 12.12.2017 година и 13.12.2017 година се формираа Секцијата на жени односно Секцијата на Млади. Истите во наредниот период ќе служат за едукација на жените за како до подобри синдикални лидери, а Секцијата на млади ќе едуцира и ќе изнаоѓа решенија за подобра информираност на секој член.

 

По иницијатива Претседателот и согласно Статутот на Синдикатот на УПОЗ донесена е Одлука за формирање на Секција на жени и секција на млади на последната седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ. Секцијата на жени при Синдикатот на УПОЗ која се формираше на 12.12.2017 година е организација на жени членови на Синдикатот на УПОЗ a Секцијата на млади која се формираше на 13.12.2017 година се членови до 35 години. Секцијата на жени(СЖ) ќе се темели врз основа на следните задачи и цели:

  • остварување на заштитата на правата на жените вработени во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани кои права произлегуваат од работниот однос;
  • поголема застапеност на жените во управата, правосудството и здруженија на граѓани и еднаков третман со мажите при вработувањето и вреднувањето на трудот.
  • активно учество во процесот за унапредување на условите за работа, заштита од работата во особено тешки услови и штетни по здравјето, особено за бремените жени со мали деца, заштита на животната и работната средина, поголема грижа за самохраните мајки и инвалидизираните жени и се заради заштита на здравјето на жените вработени во управата, правосудството и здруженијата на граѓани;
    учествува во донесување и спроведување на прописите и одлуките кои произлегуваат од работата на Синдикатот на УПОЗ;
  • грижа за синдикално едуцирање на жените вработени во управата, правосудството и здруженијата на граѓани и нивно поголемо учество во синдикалното раководство;
  • работа во насока за зачленување во Синдикатот на УПОЗ на жени, а со тоа и омасовување на членството на Синдикатот на УПОЗ;
  • за остварување на правата и барањата на СЖ при Синдикатот на УПОЗ иницира средби, разговара со работодавачот;
  • остварување на поголеми права на жените во општествениот, политичкиот, економскиот и јавниот живот;
  • соработува со Секцијата на Жени при ССМ и други невладини и меѓународни организации кои се занимаваат со прашања за својата работа;
  • го информира членството за својата работа;
  • го информира Синдикатот на УПОЗ за својата работа;
  • остварува други цели кои се од заеднички интерес за членовите на СЖ при Синдикатот на УПОЗ.

Секцијата на млади(СМ)при Синдикатот на УПОЗ според правилникот ќе се темели на следните задачи и цели:

  • остварување на заштитата на правата на младите вработени во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани кои права произлегуваат од работниот однос;
  • активно учество во процесот на унапредување на условите за работа, заштита при работа, заштита на животната средина и работната средина, заради заштита на здравјето и животот на младите вработени во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани.
  • активно учество во донесување и спроведувањето на прописите и одлуките кои произлегуваат од работата на Синдикатот на УПОЗ;
  • се грижи за синдикално едуцирање на новите - млади вработени во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ;
  • работи во насока за зачленување во Синдикатот на УПОЗ на нови млади - вработени во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, а со тоа и го зголемува членството на Синдикатот на УПОЗ;
  • за остварување на правата и барањата на СМ при Синдикатот на УПОЗ иницира средби, разговара со работодавачите;
  • соработува со Секцијата на Млади при ССМ;
  • соработува со други невладини и меѓународни организации кои се занимаваат со прашања од интерес на младите;
    го информира членството за својата работа;
  • го информира Синдикатот на УПОЗ за својата работа;
  • остварува други цели кои се од заеднички интерес на членовите на СМ при Синдикатот на УПОЗ.

Исто така на првата конститутивна седница на Секцијата на жени за претседател на секцијата беше предложена и избрана Изабела Илиева претседател на синдикалната организација при Јавните обвинителства на РМ. На Секцијата на Млади на првата конститутивна средба за претседател на Секцијата беше предложен и избран Бојан Трипуноски стручен соработник во Синдикатот на УПОЗ. Во наредниот период претседателите на Секциите ќе треба да достават програма за работа во наредниот период но и тоа како овие две секции ќе бидат активни.