• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

29.06.2020 година

Барањата содржат дел од приоритетните прашања кои во изминатиот период се наметнаа како суштински за вработените во управата и правосудството.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ), денес, до политичките партии кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори упати барања со кои побара унапредување на правата од работен однос на вработените во администрацијата и правосудството.

Барањата се испратени до сите политички партии  и сметаме дека тие се од голема важност за вработените во администрацијата и правосудството.

 

  1. Доследна примена на одредбите од колективните договори и афирмирање на социјалното партнерство;
  2. Сразмерен раст на платите во администрацијата и правосудството со порастот на минималната плата;
  3. Најавената реформа и спојувањето на институции во администрацијата да се спроведе без губење на работните места, особено на референтите кои се со најниски плати во државата;
  4. Мораториум за нови вработувања и вработувања на определено време се додека не се исцрпат можностите за унапредување на вработените во администрацијата и правосудството;
  5. Укинување на одредбите од Законот за извршување на буџет кои ја ограничуваат или стопираат исплатата на надоместоците и додатоците на плата за вработените;
  6. Измена на законските оредби со кои ќе се предвиди Колективните договори да важат исклучиво за членовите на Синдикатот;   
  7. Коренити реформи во судовите и јавните обвинителства и усогласување на платите на судските и јавнообвинителските службеници со платите на судиите и обвинителите.

Ова се само дел од барањата кои Синдикатот на УПОЗ ги упати до политичките партии и воедно ги повика одговорите да ги достават најдоцна до 08.07.2020 година, на e-mail адресата на Синдикатот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Исто така, Синдикатот на УПОЗ изразува подготвеност да одржи работни средби со политичките партии на кои дополнително ќе ги образложи своите барања.