• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

12.08.2020 година

Од февруари 2020 година, секцијата на Млади при Синдикатот на УПОЗ заедно со младите членови од синдикатите од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Грција, го имплементираат проектот СИНДИКАТИТЕ И НИВНИТЕ СЕКЦИИ ЗА МЛАДИ - НОВИ ДВИГАТЕЛИ НА МЛАДИНСКОТО ДВИЖЕЊЕ, со што целта е да се приклучат што повеќе млади вработени во Синдикатите и истите да бидат двигатели на синдикалното движење.

Ова лето беше одржана и работилница, на која младите ги сублимираат резултатите од истражувањето кое беше спроведено во месец април. На работилницата, младите од секциите  ги препознаа слабостите, но која е улогата на Синдикатот, како и кои се можностите на синдикатот да ги заштитат вработените а голем акцент се стави на подобрувањето на позицијата на секциите на млади, со што би се слушнал повеќе нивниот глас и би биле креатори на политиките внатре во синдикатите.

Презентации, летоци, видео клипови но и работилници се она што младите синдикални активисти го подготвуваат за наредниот период, со што целта е да се допре до нивните врсници кои уште се скептици за тоа што е синдикат и што истиот може да направи за нив.

Проектот СИНДИКАТИТЕ И НИВНИ СЕКЦИИ ЗА МЛАДИ - НОВИ ДВИГАТЕЛИ НА МЛАДИНСКОТО ДВИЖЕЊЕ, е со поддршка од Европската младинска фондација на Советот на Европа.

Во периодот кој следи, ќе биде одржана и online конференција, на која ќе се договорат натамошните активности во врска со овој проект.

На линкот може да ја погледнете и презентацијата (кликни тука).