• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

05.10.2020 година

20201004_103309.jpg

Вчера заврши 31.вата синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ на тема “АНАЛИЗА НА ГРАНСКИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР И ПОСЕБНИТЕ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ НА НИВО НА РАБОТОДАВАЧ”.  Учество зедоа над 100 учесници, а радува фактот што учествуваа и претставници на работодавачите со цел да се запознаат во врска со практичната примена и толкување на колективните договори.

На 31.вата синдикална школа на Синдикатот на УПОЗ, учесниците разговараа и разменуваа мислења а проф. д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет и Билјана Жагар Николовска советник за административни работи при Министерството за информатичко општество и администрација практично ги пренесоа своите искуства, а судијата Хилда Мешкова од Граѓанскиот суд Скопје низ практични примери ги запозна присутните доколку дојде до судски постапки.  

 

Покрај темата која се покажа доста интересна, третиот ден беше одржана и кратка презентација од Халк Банка, која подготви понуда само за членовите на Синдикатот на УПОЗ која ќе биде поставена по потпишување на договорот на веб страната на Синдикатот на УПОЗ. Исто така беше одржана и презентација од Халк Осигурување, која ги презентираше пакетите за приватно здравствено осигурување, што побуди интерес кај присутните.

На оваа синдикална школа, покрај едукативниот дел, третиот ден беше резервиран за доделување на плакети и признанија на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Плакети за успешна работа на Гранскиот колективен договор добија членовите на работната група:

  • Трпе Деаноски - Генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ;
  • Зоран Георгиевски - Државен завод за статистика и
  • Алекандар Диље - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исто така, со оглед што во последниве неколку години, беа потпишани повеќе посебни колективни договори на ниво на работодавач, на оваа синдикална школа беа доделени благодарници за следниве членови:

  • Љубиша Јовановски - претседател на СО при Агенција за катастар на недвижности;
  • Виктор Рајковски - претседател на СО при ЈП Службен весник на Р.С. Македонија
  • Амир Шеји - претседател на СО при Општина Струга
  • Вулнет Мурсели - претседател на СО при Фонд за здравствено осигурување на Р.С. Македонија
  • Бранко Аџигогов - заменик претседател на СО при Фонд за здравствено осигурување на Р.С. Македонија
  • Васко Арсов - претседател на СО при Државен инспекторат за земјоделство
  • Зоран Павловски - претседател на СО при Општина Крива Паланка
  • Тони Апостоловски - претседател на СО при Царинска управа на Р.С. Македонија
  • Гордана Максимовска - претседател на СО при Општина Карпош
  • Добри Петров - претседател на СО при Општина Гази Баба
  • Димитар Гаќев - претседател на СО при Државен инспекторат за градежништво и урбанизам
  • Александар Алексовски - претседател на СО при Општина Кисела Вода
  • Лидија Неделковска - претседател на СО при Општина Центар и
  • Игор Дамјаноски - претседател на СО при Демир Хисар.