• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

16.10.2020 година

DSC 6845 Large

Со овој договор Синдикатот на УПОЗ им овозможува на своите членови и на членовите на нивните потесни семејства да студираат и да ја плаќаат школарината на 12 месечни рати или во готово со 10 % попуст.

На ден 15.10.2020 година, во просториите на Меѓународниот славјански универзитет “Г.Р. Державин” во Свети Николе беше склучен договор за деловно техничка соработка со кој на членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и нивните семејства им се овозможува студии по промотивни цени.

Овој договор беше потпишан од страна на ректорот на МСУ “Г.Р. Держави” проф. д-р Ленче Петреска и претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски.   

Со овој договор, се овозможува почнувајќи од оваа учебна година користење на промотивни пакети за студиски циклуси кои се во реализација на Меѓународен Славјански универзитет “Г.Р. Державин” со безготовинско плаќање на 12 еднакви месечни рати. Висината на школарината за студии од втор циклус (3+2 и 4+1) за една академска година ќе изнесува 1.530 евра во денарска противвредност.

Членовите на Синдикатот на УПОЗ или членовите на нивните потесни семејства овие погодности за студирање на Меѓународниот славјански универзитет можат да ги остварат со доставување на потврда за членство во Синдикатот на УПОЗ при самиот упис. Потврдата (кликни тука) можете да ја добиете од претседателот на Синдикалната организација или директно во Синдикатот на УПОЗ. За сите подетални информации можете да се информирате на web страницата на универзитетот www.msu.org.mk .