• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

07.12.2020 година

Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ во изминативе години од неговото форимрање (1996 година) до денес, максимално придонесуваше во подобрувањето на стандардот на неговите членови. Тој се афирмираше како вистинска потпора, секогаш да им биде на располагање на своите членови, во моменти кога им е потребна солидарност, да им се доделат неповратни средства по разни основи на оние на кои навистина им се потребни, но и да им додели бескаматни позајмица.

Така, Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ, останува забележан и како единствен синдикат во Македонија, кој меѓу другото, во два наврати им исплати солидарна помош на неговите членови кои штрајкуваа во 2000/2001 година (80 дена) и 2016 година (60 дена).

 

Својата функција Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ особено ја истакна и годинава со почетокот на пандемијата на вирусот Ковид – 19. Па така, сите заболени членови добиваат соодветна неповратна помош. Со почетокот на пандемијата, почнувајќи од месец април одобрени се 164 барања по основ на парична помош за заболени од вирусот Ковид 19 и исплатени се средства во вкупен износ од 843.000 денари.

Продолжувајќи ги активностите Комисијата за солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ на 02.12.2020 година ја одржа својата 30-та сединца на која беа разгелдани барања на членовите по разни основи. Седум барања беа поднесени и одобрени по основ парична помош за боледување во вкупен износ од 44.300 денари. Шест барања беа за парична помош по разни основи и беа одобрени 30.500 денари. Шест барања беа за парична помош позајмица (школување и леквуање) во износ од 162.000 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 20.10.2020 година до 01.02.2020 година, согласно Правилникот беа одобрени и испалтени вкупно 186 барања во вкупен износ од 888.300 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 14 барања во износ од 42.000 денари
  • Парична помош за прваче – 43 барања во износ од 129.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – 5 барања во износ од 100.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 3 барања во износ од 30.000 денари
  • Парична помош за пензионирање – 11 барања во износ од 32.300 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 109 барања во износ од 525.000 денари (од кои 108 барања се за исплата на парична помош за заболени од Ковид – 19)
  • Парична позајмица за лекување – едно барање во износ од 30.000 денари.

Со досега исплатените средства, уште еднаш се покажува големата солидарност меѓу членовите на Синдикатот на УПОЗ со цел да се помогне во моменти кога тоа им е најпотребно.

Солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе продолжи да ја следи состојбата и да им помага на своите членови кои поднесуваат барање за неповратна помош или позајмица и ги исполнуваат условите согласно во Правилникот за солидарен фонд.