• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

18.12.2017 година
На средбата со новиот Претседател на инспекцискиот совет беше разговарано за измени на Законот за инспекциски надзор, актуелните проблеми со кои се соочуваат инспекторите, опременоста, колективниот договор за вработените во инспекторатите и зголемување на платите на инспекторите.

 

На 15.12.2013 година, претставници на Синдикатот на УПОЗ одржаа работна средба со новата Претседател на Инспекцсикиот совет (ИС) Магдалена Филиповска – Грашкоска. На средбата освен претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и генералниот секретар Трпе Деаноски присуствуваа и членовите на Одборот за инспекциски служби Димитар Гаќев (претседател на Одбор за инспекциски служби), Соња Солевска, Дарко Блинков и Звонимир Јаневски.

На оваа средба со Претседателот на ИС беше разговарано за потребите од измени на Законот за инспекциски надзор (ЗИН), потпишување на Колективен договор кој ќе ги опфати сите инспекторати, зголемување на платите или враќање на укинатите додатоците за инспекторите, укинување на рокот на траење на лиценците на инспекторите, намалување на административните обврски на инспекторите и одржување на обуки за новите закони. Исто така на оваа средба Синдикатот на УПОЗ предложи поради специфичноста на работните задачи на инспекторите да се предложи инспекторите да добијат бенифициран стаж.

Претседателот на ИС информираше дека работна група на ИС и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) започнала работа за измени на ЗИН и дека до крајот на годината ќе има готов предлог текст. Со овие измени е предвидено да има нов начин на оценување односно да се укине оценувањето за квантитативно завршена работа и дека дисциплинската постапка ќе биде во согласност со Законот за административните службеници.

Синдикатот на УПОЗ и претседателката на Инспекцискиот совет искажаа заеднички став дека ваквите измени на ЗИН ќе бидат во полза на инспекторите, а бидејќи носител на измените на ЗИН е МИОА, Синдикатот на УПОЗ итно ќе побара одржување на работна средба во МИОА како би можел претставник на Синдикатот да учествува во работната група и веднаш по изготвување на предлог текстот на ЗИН Синдикатот да може да даде свои предлози и забелешки.