• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

26.12.2017 година
Во присуство на вработените во општина Карпош Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на синдикалната организација при општина Карпош Ненад Зафировски и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев како работодавач, денес го потпишаа Колективниот договор за административни службеници и други вработени во Општина Карпош.

 

На 25.12.2017 година (понеделник) во просториите на Општина Карпош се потпиша Колективниот договор меѓу Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и општина Карпош.

Колективниот договор е задолжителен и ги обврзува работодавачот и вработените да ги применуваат одредбите кои се однесуваат на правата, но и на обврските.

Овој Колективен договор резултира од досегашните активности и заедничките залагања и регулирање на поголеми права за вработените во Општина Карпош, како што се регрес за годишен одмор, 13-та плата, јубилејни награди и други права кои ги унапредуваат законско дадените права на вработените.

Со потпишување на овој Колективен договор работодавачот се обврза во целост да се почитуваат правата кои произлегуваат од овој договор.
Со потпишување на овој Колективен договор, се отвара пат и други локални самоуправи од Република Македонија да почнат со преговарање, договарање, изработка и потпишување на колективен договор, кои се од интерес на работниците, за членовите на синдикатот, но и за работодавачите - градоначалниците на општините.