• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

ТЕМА НА 29-тата СИНДИКАЛНА ШКОЛА БЕШЕ "УТВРДУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКАТА ОДГОВОРНОСТ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ - СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ И УЧЕСТВОТО НА ПРЕТСТАВНИКОТ НА СИНДИКАТОТ" КОЈА СЕ ПОКАЖА ДОСТА ПРАКТИЧНА И ИНТЕРЕСНА ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ. 

Оваа година Синдикатот на УПОЗ ја организираше традиционалната синдикална школа, 29-та по ред, на која темата беше УТВРДУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКАТА ОДГОВОРНОСТ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ - СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ И УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИКОТ НА СИНДИКАТОТ. Школата се одржа на 30.03-01.04.2018 година во хотел Белви - Охрид. Предавачи на оваа синдикална школа беа Билјана Жагар - државен советник за нормативни и правни работи при МИОА и Миланчо Успрцов - Генерален секретар на Агенцијата за администрација.

Темата беше мошне интересна и доста практична за членовите на синдикатот, интересот беше задоволителен со над 100 учесници. За разлика од минатите години, на оваа синдикална школа може да се забележи поголемо присуство на нови и млади членови, пред се членови кои учествуваат во дисциплински постапки.

Првиот ден во попладневните часови, беше организирана средба со сите претставници учесници на синдикалната школа. Пред учесниците зборуваше претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, кој ги запозна членови за актуелните состојби во синдикатот а потоа се разви дискусија за досегашните состојби и активностите кои ги имаше во изминатиот период. Од страна на присутните се слушнаа добри дискусии каде ги посочија слабостите но и силните страни. Исто така, на оваа 29-та синдикална школа, гости беа и претставниците на синдикатите од Југоисточна Европа кои ги поздравија сите присутни и им посакаа успешна синдикална школа.

Вториот ден започна со предавањата на предавачите, Билјана Жагар од Министерството за информатичко општество и администрација и Миланчо Успрцов генерален секретар на Агенцијата за администрација. Следуваше освртот за правниот основ за уредување на дисциплинска постапка, формирање на дисциплинска комисија, водење на дисциплинска постапка, предлог за дисциплинска мерка, приговор против дисциплинска мерка и судска заштита против одлука за дисциплинска мерка. По темата активно учество зедоа повеќе учесници кои ги пренесоа своите искуства во врска со истата, а за сите прашања што ги имаа и им ги упатија на предавачите со големо внимание тие одговорија на сите прашања.

Во продолжение беа формирани тимови од по 10-тина учесници кои работеа по предлози за поведување на дициплинска постапка по што секој од тимовите ги презентираше своите одговори, односно како тие како комисија би ги решиле тие случаи. По презентацијата по трите случаи, предавачите искажаа дека ова досега им била нај интерактивна едукација и не била само сувопарна што е на обострано задоволство, како на предавачите така и на учесниците.

Последниот ден од синдикалната школа беше отстапен за презентација на новата веб страница која претрпи мали измени односно е по современа. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски на затворањето на синдикалната школа искажа задоволство од големиот интерес по темата на оваа синдикалната школа, како и новите членови на синдикатот кои земаа учество на оваа синдикална школа. Тема на 29-тата синдикална школа се покажа доста интересна затоа што во секоја организација макар по една дисциплинска постапка се има водено, а од сега па натамо синдикалните претставници ќе бидат обучени за постапката на водење на дисциплинската постапка.

Присутните искажаа задоволство од организацијата на синдикалната школа, актуелноста на темата и подготвеноста на предавачите кои со конкретни примери.