• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

12.06.2018 година

По 24-ти пат, Синдикатот на УПОЗ ги организираше 24.ти спортски игри и средби на кој новоформираната синдикалната организација при Град Скопје е севкупен победник на овие спортски игри.

Од 07.06 до 10.06.2018 година во хотелскиот комплекс Метропол се одржаа 24.тите спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ. За разлика од минатите години, оваа година учество зедоа над 450 членови на Синдикатот на УПОЗ од 23 синдикални организации и тоа: Локална самоуправа Струга, Апелационо подрачје Штип, Управа за јавни приходи, Јавни обвинителства на РМ, Агенција за катастар на недвижности, Локална самоуправа Битола, Фонд на ПИОМ, Дирекција за заштита и спасување, Локална самоуправа Карпош, Основен суд Тетово, Локална самоуправа Струмица, Основен суд Скопје 1, Казнено поправана установа Затвор Штип, Службен весник на РМ, Локална самоуправа Гевгелија, Град Скопје, Државен завод за статистика, Јавно претпријатие Стрежево - Битола, Агенција за вработување на РМ, Фонд за здравствено осигурување, Државен инспекторат за земјоделство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Локална самоуправа Велес.

Овие 23 екипи се натпреваруваа во осум дисциплини и севкупен победник во машка конкуренција беше Синдикалната организација при Управата за јавни приходи со освоени 12 бодови. Жените се натпреваруваа во седум дисциплини а севкупен победник беше екипата на Синдикалната организација при Град Скопје со освоени 18 бодови, како и три дисциплини во мешана конкуренција каде победник беше синдикалната организација при Апелационо подрачје Штип. Севкупен победник на 24.тите спортски игри и средби беше Синдикалната организација при Град Скопје која по нејзиното формирање на почетокот на оваа година првпат зеде учество на игрите и стана  севкупен победник на спортски игри со освоени 32 бодови.

Свеченото отварањето на игрите се одржа на базенот на Хотел Белви, каде пред присутните се обрати и заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски кој на учесниците на овие игри им посака успешни спортски игри и средби. Оваа година како и изминатите години за успешна организација на овие игри, Синдикатот на УПОЗ со спонзорство беше поддржан од Капитал Банка, Здружението на возачи на град Скопје и Кожуфчанка АД Кавадарци која за отварањето обезбеди производи од својот асортиман. Наредните два дена, беа одржани натпреварите во поединечна и екипна конкуренција по утврдени термини а игрите поминаа во спортска фер атмосфера.

За да присуствуваат што поголем број  членови на Синдикатот кои сакаат да учествуваат на спортските игри, Синдикатот на УПОЗ и оваа година како и изминатите додели позајмици во износ од 150.000 денари.

Третата и завршна вечер, беше резервирана за доделување на најдобрите по дисциплини, беа обезбедени пехари и дипломи што преставуваше врв на тридневните натпреварувања, дружења и забава. Оваа година од нашиот долгогодишен пријател и соработник Капитал Банка беше обезбеден еден телефонски апарат кој по случаен избор беше доделен на еден од учесниците на овие спортски игри и средби - членот на Синдикалната организација при Државен завод за статистика Бранко Хиниќ.

Врз основа на искажувањата и впечатоците на учесниците, можеме да констатираме дека имавме уште едни успешни спортски игри и средби, со надеж дека до година ќе имаме многу поголем број на учесници и екипи.

View the embedded image gallery online at:
http://upoz.org.mk/index.php/75-24#sigProIde44b3f026f