• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

30.11.2018

izvestuvawe od 125 sednica odluka 001

Денес Судскиот буџетски совет ја донесе најсрамната Одлука во историјата на судството во Р. Македонија. Судскиот буџетски совет донесе одлука за исплата на додатоци на плата за судиите во износ од 35% со што судиите ќе добијат зголемување за 21.000,00 денари, што ќе биде повисоко за 85% од редовните плати кои ги добиваат вработените во судската служба.

Судскиот буџетски совет на чело со Претседателот Зоран Караџовски денес требаше да донесе одлука да се вратат парите на вработените од судовите кои во 2016 година незаконски беа одземени за време на штрајкот во судовите лично од него.

 

За Синдикатот на УПОЗ ова е долевање на масло на огнот кој гори од незадоволството од третманот на суските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојано зголемување на платите на судиите.

Од овие причини Синдикатот на УПОЗ бара итна и неотповиклива оставка од Претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски и комплетниот состав на Судскиот буџетски совет, заради не поседување на морални вредности и предизвикување на состојба на хаос во судството.