• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

03.12.2018 година

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и Здружението за судска администрација (ЗСА) на заедничкиот состанок во врска со случувањата во судовите и одлуката на Судскиот буџетски совет за додатоците на плата на судиите за 35% и нееднаквиот третман на Судската служба во однос на судиите, одлучија дека доколку наредниве денови не се најде конечно решение за судските службеници ќе го искористат правото на штрајк.

Овој став тие денеска го пренесоа на јавноста на заедничката конференција за медиумите на која претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) Пецо Грујовски потсети дека во 2016 година судските службеници штрајкуваа 60 дена со две барање, од кои едното беше измена на Законот за судска служба во делот на додатоци на плата. Но, наместо тоа состојбите кулминираа во петокот  кога беше донесена Одлуката на Судскиот буџетски совет за зголемување на додатоците на плата на судиите за 35%, и тоа кога само ден пред тоа на средба со министерката за правда беше договарано нешто сосема друго, односно враќање на незаконски одземените пари за време на штрајкот во 2016 година.

 

Грујовски потсети зошто во судството има најмногу штрајкови?

,,Имено во 2000 година се штрајкуваше 80 дена за правото на регрес за топол оброк и превоз, бидејќи судиите земаа 5000 денари, а администрацијата 2900 како тие да имаат помали стомаци, и исплата на минат труд за кој цела администација беше оштетена, но само судските службеници имаа храброст да штрајкуваат. И тогаш иако 80 дена штрајкувавме на министерот за правда не му фалеше ни влакно и за мене тоа е неразбирливо, но ова како да стана пракса и секое барање беше игнорирано  за повоторно да кулминира незадоволството кога јавните обвинители, јавнообвинитлеските службеници и судиите добија право на додаток, а судските службеници пак некој ги заборави и се префрлаше топката од едни на други, изјави претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) Пецо Грујовски.

Тој особено остро се произнесе против претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџоски и рече: ,,Кога треба да се казнат судските службеници работодавач е Караџоски, кога треба да се вратат парите не е работодавач. За среќа имаме мало поместување од мртвата точка и сме пред потпишување на Колективен договор во кој ќе влезат и судските службеници, но тоа е мал чекор за да се елиминираат сите неправди кои се направени спрема судската администрација. Сметаме дека некој намерно во државата го прави ова постојано да се провоцира. На секој министер за правда им укажував на ова и на секоја средба која ја имав во изминативе години со сите министри прво и основно што им потенцираме е да се интервенира во судството за да нема штрајкови и да ги решиме работите со дијалог. Досгеа имаше само оглушување.

Грујовски потсети и на минатогодишната средба на 27 декември со премиерот на која присуствува и министрите за правда и за финансии, а која беше во врска со незаконски одзменетие пари и на која беше договорено овие пари да им се вратат на судските службеници со тоа што ќе е изнајде законски правен механизам тие да се исплатат. Но и по речиси цела година тоа не се реализира.

Состојбата кулминираше во петокот кога наместо исплата на парите е доденсена срамната одлука со која Караџоски го реализира правото од Законот со која се зголемија само додатоците на плата за судиите што направи огромен револт кај судските службеници.

Од овие причини на денешната седница со Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската служба беа договори неколку работи.

,,Како прво, во знак на револт доколку наредниве денови не дојдеме до некое конечно решение ќе се организира штрајк, а датумот на штрајкот дополнително ќе биде одреден. Бидејќи во месец март судските службеници добија решенија за зголемување на плата само за тој месец од 10 %, а не се реалзирани иако бевме конструктивни и чекавме да се реализира ова, а не се реализира, ќе поднесеме тужби за цела судска администрација овие пари да им бидат надоместени. Значи ќе ги бараме по судски пат со што ќе се оптовари буџетот со други трошоци. Истовремено, бараме измените на Законот за судска служба по итна постапка да се донесат до 10 декември оваа година. Имаме ветување дека Законот ќе влезе во собраниска процедура, но веќе на ветувањата не им веруваме. Исто така, до оваа дата Владата да изнајде решение да ги врати парите на судксите службеници. Во Караџоски не веруваме и никој пат нема да веруваме дека тој ќе ги вртати, потенцираше на денешната конференција за медиумите претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски.

Тој, исто така, рече дека бараат и зголемување на платите на судските службеници од 1 јануари од 5 посто, како и разговор со Владата која ја одредува вредноста на бодот на судските службеници и со првиот ребалнас на буџетот да се разговара за зголемување на платата на сускдите слижбеници доколку сакаат да направат некаква хармонија во судството.

,,Се друго ќе биде на штета на судството и сметам дека со немотивирана судска администрација тие не можат да прават реформи кои ги бараме за влез во Европската Унија. Цврсти сме со определбите, револтот е огромен, во наредниве денови ќе има и бојкот на работењето, може да има и спонтани протести, јас реков и во петокот не гарантираме за она што ќе се случува, но во секој случај огромно е незадоволството и затоа упатувам последен апел, пред сѐ до извршната власт, до Министерството за правда сериозно да го сватат ова и да седнеме со дијалог да ги решиме овие прашања. Законодавната власт да не кочи и под итно да го донесе овој Закон и Судскиот буџетски совет, односно Караџоиски под итно да си поднесе оставка за сите овие злодела што ги направи спрема судската служба!, беше категоричен Грујовски.

На конференцијата за медиумите се обрати и претседателот на Здружението на судската администрација Борче Мирчевски при што истакна дека нив навистина им е жал што во секоја измена на извршната власт тие како судска администрација се наоѓаат запоставени од истата и редовно треба работите да ги решаваат преку бојкот, протести и штрајкови. Тој се надева дека оваа власт која малку повеќе покажува разбирање ќе ја промени оваа пракса, но дека досега не направија ништо и немаат цврсто ветување дека ова ќе биде така: ,,Не ни е цел само да штрајкуваме туку ние само сакаме да си ги добиеме нашите права кои постојано ни се скратувани, рече претседателот на Здружението на судската администрација Борче Мирчевски.