• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

04.12.2018 година

Претседателот на Судскиот совет на Р. Македонија, по службена должност претседател и на Судскиот буџетски совет во текот на вчерашниот ден издаде соопштение со кое повторно се обиде да ја доведе јавноста во заблуда со давања на неточни или полу точни податоци и не вистини.

Во објавеното соопштение е наведено дека Претседателот на судскиот буџетски совет преземал и ќе преземал активности да се измени Законот за судска служба во поглед на измена на додатоците на плата за судските службеници, но овие додатоци сега ги добиле само судиите, а не и судските службеници бидејќи за тоа не постои законски основ.

Сакаме да го потсетиме Претседателот на Судскиот буџетски совет дека штрајкот во судовите во 2016 година беше организиран со едно основно барање, а тоа е и вработените во судовите да ги добијат додатоците од 35%, што можеше да се направи со измена на само еден член од Законот за судска служба. Од тука се поставува прашањето како тоа Претседателот на Судскиот совет преземал активности со цел да се измени законот и еве веќе презема скоро 3 години, а Законот за судска служба се уште не е изменет. Доколку претседателот на Судскиот буџетски совет сакаше, ова можеше да го направи уште пред почетокот на штрајкот во 2016 година, за време на штрајкот, по завршување на штрајкот, но ете му требаа скоро 3 години да излезе и да каже дека тој секогаш преземал и ќе презема активности за судската служба да добие некое право, но изгледа дека тие активности му се познати само на Караџовски.

Претседателот на Судскиот буџетски совет повторно се обидува да даде искривен слика за задржаните средства за штрајкот во 2016 година. Точно е дека членот 77 од Законот за судска служба предвидува дека за време на штрајкот службеникот има право на плата во висина од 60% од платата што ја примил во претходниот месец, но доколку Претседателот на судскиот совет има малку доблест ќе признае дека начинот на кој што средствата беа задржани е НЕЗАКОНСКИ, без издавање на поединечни решенија за задршка на плата, а самиот тој им наложи на Претседателите на судовите платата на штрајкувачите да ја скратат со наредба, свесно кршејќи ги позитивните законски норми.

Она што исто така е видно од ова соопштение е дека Претседателот на Судскиот буџетски совет сака да ја тргне вината од себе и да ја префрли на претседателите на судовите, и уште повеќе се обидува да ги натера вработените од судовите и јавните обвинителства едни против други, потенцирајќи во неговото соопштение дека јавнообвинителските службеници ги имале додатоците на плата а Синдикатот на УПОЗ за тоа не се бунел.