• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

05.12.2018 година

Веднаш по завршување на состанокот на Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација (ЗСА) одржан на 03.12.2018 година, претставници на Синдикатот и ЗСА беа во Министерството за правда и доставија предлог за измени на Законот на судска служба (ЗСС) со кои и вработените во судовите ќе добијат додатоци на плата во висина од 35%.

Од страна на Министерството за правда бевме информирани дека Министерката за правда веднаш дала одобрение овие измени итно да се објавата на веб сајтот www.ener.gov.mk со што официјално измените на ЗСС влегуваат во процедура.

 

Ова значи дека едно од барањата на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА истакнато на состанокот е усвоено од страна на Министерството за правда, но за жал согласно законската постапка гласањето по измените на ЗСС во Собранието на Р. Македонија можеме да ги очекуваме најбрзо во средината на месец јануари 2019 година.

Поради ова Синдикатот на УПОЗ и ЗСА побараа во измените на ЗСС односно во преодните и завршните одредби на законот да се предвиди дека по усвојување на измените на вработените во судовите да им се исплатат додатоци на плата во висина од 35% за месец ноември како што тоа го добија судиите.