1. Осигурување на моторни возила и домаќинства
Евроинс Осигурување
ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Ви нуди единствена понуда за користење на осигурителните услуги за членовите на Синдикатот на УПОЗ во сите градови на Република Македонија, со можност за плаќање на 10 месечни рати преку задршка од плата на вработениот.
Понудата се однесува на користење на сите типови на осигурување:
- Осигурување од автомобилска одговорност и ЕВРО КАСКО
- Зелен картон
- Каско осигурување на моторни возила
- Домаќинско осигурување и ЕВРОДОМ
- Патничко осигурување
Условите за користење на услугите важат само за членовите на УПОЗ, при што неопходната документација која мора да ја поседуваат при набавка на осигурителната полиса е:
ИЗЈАВА И АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА (потпишана од барателот, осигуреникот и заверена административна забрана со печат и потпис установата во која работи)
ПОТВРДА за издавање на полиса за осигурување (потпишана и заверена од установата во која работи)
Полисите можат да се подигнат во Експозитурите на Евроинс Осигурување, низ целата држава, со приложување на потврдите.
За секоја дополнителна информација, телефон за контакт:
- БИЛЈАНА Леова 075/32-51-51 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- ВЛАДИМИР Живковски 075/366-977 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
За повеќе информации посетете ја ниванта веб страница:
www.evroins.com.mk
2. Животно Осигурување
Кроациа Осигурување
Кроациа Осигурување Живот-АД е единствена компанија која за членовите на Синдикатот на УПОЗ нуди Осигурување на Живот.
Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот е прва осигурителна компанија со добиена лиценца за продажба на полиси за осигурување на Живот во Р.Македонија, дел од осигурителната групација на Croatia Osiguranje d.d.
Иновативноста, знаењето и постојаната грижа за Корисниците не прави лидери во полето на осигурување на живот. Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 125 години.
ЗОШТО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ???
Уникатноста на овој производ се содржи во интегрираноста на штедната и осигурителната компонента. Осигурувањето на живот се смета за најсовршен облик на штедење.Осигуреникот преку вложување/штедење на средства истовремено ги ужива бенефитите од осигурување на живот и обезбедува финансиска сигурност на децата, сопругот/та, повозрасните родители или сите други кои сака да ги заштити од ризикот кој го носи динамичниот современ живот.
Животното осигурување тежнее кон покривање на идните потреби т.е. има карактер на наменско штедење и одржување на животниот стандард кога способноста за заработување е намалена (во пензионерски денови, изнемоштеност, неспособност за работа и сл.).
КОЈ ИЗНОС НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ ВИ Е ПОТРЕБЕН???
Одлуката кој износ на осигурително покритие е потребен е условена од Вашите тековни и идни финансиски обврски (образование на деца, одржување на домот, трошоци за патувања, потребни средства за лекување, средства за финансиска сигурност во пензионерски денови итн).
Во случај на смрт на осигуреникот преку Осигурвањето на Живот треба да се формира фонд на финансиски средства преку кој останатите членови од семејството ќе можат да ги покријат трошоците за кредити, школување, трошоци за секојдневни потреби итн.
ПРОИЗВОДИ:
Индивидуално Осигурување на Живот
Детско штедно осигурување
Кроациа Рента
Напомена: За членовите на Синдикатот на УПОЗ е креиран посебен компетентен тим на Кроациа Осигурување-Живот со цел да се даде приоритет на Вашите барања.
Согласно пристапната старост, пол и посебните индивидуални барања ќе изработиме прилагодена конкретна понуда за различните видови продукти согласно интересот.
Контакт лице:
Маја Станковска Костова
Фиксен тел: 02/3215-083 лок. 103
Мобилен тел: 071/345-797
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
3. Регистрација на моторни возила и авто школи
Здружение на возачи на град Скопје
ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ за членовите на Синдикатот на УПОЗ нуди плаќање по НАЈПОВОЛНИ услови.
За сите членови на Синдикатот на УПОЗ (вклучувајќи ги и членовите на нивните потесни семејства) ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ нуди плаќање на ШЕСТ (6) рати за услугите за изготвување на комплетна документација и вршење технички преглед и регистрација на возила.
ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ ги нуди своите услуги на територијата на град Скопје. За локациите за технички преглед на ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ кликни ТУКА.
Лице за контакт:
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- ПОТВРДА (заверена од страна на претседателот на синдикалната организација)
- ИЗЈАВА (потпишана од членот на Синдикатот на УПОЗ)
- АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА (заверена од страна на работодавачот)
*НАПОМЕНА: Членовите на Синдикатот на УПОЗ без потребната документација немаат право на користење на услугите
АСУЦ - Боро Петрушевски
АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ - Скопје ги нуди своите услуги на територијата на град Скопје.
Кликнете тука за да ги разгледате поволностите кои се однесуваат само за членовите на Синдикатот на УПОЗ.
Лице за контакт: Александар Јованов 075/217 232
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: