• 07.02.2019 година

    KP

    Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, претседателот на Синдикалната организација при Општина Крива Паланка, Зоран Павловски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски го потпишаа Колективниот договор за административните службеници и другите вработени во Општина Крива Паланка. Со него се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на државните службеници и другите вработени во Општината Крива Паланка.

  • 26.12.2017 година
    Во присуство на вработените во општина Карпош Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на синдикалната организација при општина Карпош Ненад Зафировски и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев како работодавач, денес го потпишаа Колективниот договор за административни службеници и други вработени во Општина Карпош.

  • 18.12.2017 година
    На средбата со новиот Претседател на инспекцискиот совет беше разговарано за измени на Законот за инспекциски надзор, актуелните проблеми со кои се соочуваат инспекторите, опременоста, колективниот договор за вработените во инспекторатите и зголемување на платите на инспекторите.

  • 18.12.2017 година

    Иако после локалните избори ни беше ветена средба од страна на Министерот за финансии со Претседателот на Владата на РМ, за изнаоѓање решение со скратените пари за штрајкот во правосудството во 2016 година, таа средба се уште не се одржа.

  • На 12.12.2017 година и 13.12.2017 година се формираа Секцијата на жени односно Секцијата на Млади. Истите во наредниот период ќе служат за едукација на жените за како до подобри синдикални лидери, а Секцијата на млади ќе едуцира и ќе изнаоѓа решенија за подобра информираност на секој член.