Основни Информации

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија чиј скратен назив е Синдикатот на УПОЗ е препознатливо име во јавноста заради активностите и остварените резултати во изминатиот период особено по организираните штрајкови во правосудните органи за зголемување на платите во 1997 и 2000/2001 година, како генералниот штрајк на вработените од јавниот сектор во 2002 година.

Синдикатот на УПОЗ е доброволна, самостојна и интересна организација на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓани. Формиран е на 5 април 1991 година заради изразување и остварување на посебните и колективните интереси, подобрување на економските, социјалните, материјалните и други интереси и подобрување на правата од работен однос.

Или поконкретно, во него се организирани вработените во телата на државната и локалната власт и другите установи (државните и јавните службеници во министерствата, Владата на РМ, Собранието на РМ, Фондовите, Управата за јавни приходи, Државниот завод за статистика, Агенција за катастар на недвижности, Државниот архив, Агенцијата за вработување, управните органи, локалната самоуправа, правосудните органи, јавните обвинителства и здруженијата на граѓани – Стопанската комора, Сојузот на синдикатите на Македонија, Здруженијата на возачи, Авто – мото друштвата, Црвениот крст и други.

Синдикатот на УПОЗ ги организира сите членови кои го прифаќаат Статутот и Програмата и редовно ја плаќаат синдикалната членарина.УПОЗ е организиран во околу 120-тина синдикални организации во органите на управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани.

Синдикат на УПОЗ е рамноправен член на ССМ (Сојузот на Синдикати на Македонија), Меѓународната синдикална организација на синдикатите од јавните служби PSI – Publicservies international и на Европската синдикална организација на јавните служби EPSU.

Синдикатот на УПОЗ се бори за:

  • Економско материјалната сигурност и подобрување на економската и социјалната положба на членството преку потпишување на колективни договори;
  • Подобрување на условите за работа, заштита при работа и заштита на животната и работна средина;
  • Остварување на синдикланите права и слободи;
  • Остварување на правата од работен однос;
  • Социјален дијалог заснован врз начелата на трипартизмот;
  • Демократско и хумано законодавство согласно меѓународните стандарди;
  • Забрзано економско заздравување на земјата, зголемување на платите и стандард на вработените на цивилизациско ниво и достоен живот на луѓето

КАКО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА СИНДИКАТОТ?

Синдикалното организирање и пристапување е слободно и доброволно. Можете да станете наш член доколку своерачно потпишете пристапница. За поблиски информации можете да се обратите во регионалните синдикални канцеларии во сите градови на Македонија. Пристапницата и сите инфомации можете да ги добиете и преку нашата интернет адреса: www.upoz.org.mk и истата да ја испратите на нашата адреса со што ќе ни овозможите да го оствариме првиот контакт со Вас.

Зошто да бидам член?

ШТО ДОБИВАТЕ КАКО ЧЛЕН НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ?

  • Учество во колективно преговарање за плата и надоместоци на плата и други права од работен однос
  • Бесплатна правна заштита
  • Користење на средства од Солидарниот фонд низ разни облици на солидарна помош
  • Економска материјална сигурност и подобрување на општествено економската положба на членовите
  • Подобрување на условите за работа
  • Остварување на заедничките и поединечните права обврски и интереси на членовите
  • Остварување на синдикални права и слободи
  • Основање фондови за материјална помош, солидарност, ваземност и хуманост на членовите
  • Бесплатно право на синдикално образование

ЗА ШТО СЕ БОРИМЕ?

Синдикатото на УПОЗ се бори за:

  • Економско-материјална сигурност и подобрување на економската и социјалната положба на членството преку потпишување на колективни договори;
  • Подобрување на условите за работа , заштита при работа и заштита на животната и работна средина;
  • Остварување на синдикалните права и слободи;
  • Остварување на правата од работен однос;
  • Социјален дијалог заснован врз начелата на трипартизмот;
  • Демократско и хумано законодавство согласно меѓународните норми;
  • Забрзано економско заздравување на земјата, зголемување на платите и стандард на вработените на цивилизациско ниво и достоен живот на луѓето.

КОИ СЕ НАШИТЕ ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ?

Синдикатот на УПОЗ својата работа и организација ја заснова на следните принципи:

  • Самостојност и независност
  • Масовност
  • Солидарност
  • Јавност во работењето
  • Автономност во однос на власта и политичките партии

ЗОШТО ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ?

Затоа што најефикасно ќе ги заштитиме и браниме Вашите права ако сме:

  • Масовно организирани
  • Единствени
  • Моќни и
  • Финансиски силни

И најважното:

Ако сме единествени и масовни вашиот глас ќе влијае на сегашноста и Вашата иднина, за добро на Вашето семејство, колегите и пријателите.