• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

ОДРЖАНА ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ "ПРАВА НА РАБОТА, РАБОТАТА ЗА ПРАВАТА"

02.12.2019 година

family photo

На 29.11.2019 година, во Београд се одржа завршната конференција на проектот Права на работа, работат за правата на кој учество зедоа 10 партнери од шест држави од регионот и Европската унија. Во периодот од декември 2018 година до декември 2019 година членовите на конзорциумот на овој проектот, реализираа голем број на активности насочени кон информирање и едукација на младите вработени за правата од работен однос, како и за појавите со кои се соочуваат но и достапните механизми за заштита.

Повеќе...

ПИСМЕНО ОБРАЌАЊЕ ДО ПРЕТСЕАДТЕЛОТ НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ ПО ОДРЖАНИОТ ПРОТЕСТ

20.11.2019 година

Синдикатот на УПОЗ денес се обрати до претседателот на Судскиот буџетски совет Киро Здравев кое го пренесуваме во целост: 

"Синдикатот на УПОЗ, заедно со Здружението на судската администрација (ЗСА), поттикнати од незадоволството на вработените во Судската служба, заради нецелосната и селективна исплата на вработените кои штрајкуваа во судовите во 2016 година а за кои се обезбедени средства, како и од одлуките за додатоци на плата и нееднаков третман на вработените за месеците септември и октомври, на ден 15.11.2019 година, одржаа протест пред судовите во РСМ, во траење од 09.30 – 11.00 часот.

Имајќи го во предвид и ценејќи го Вашето досегашно залагање и ангажираност околу исплатата на вработените кои штрајкуваа во 2016 година, сметаве со целосна исплата тој процес ќе го заокружиме до крајот на оваа година, како и исплата на додатоците на плата и ќе имаме малку порелаксирана атмосфера во судовите која ќе ни овозможи со дијалог и разбирање да дојдеме до ново решение за статусот на Судската служба во која треба да влезат сите вработени.

Повеќе...

РЕАКЦИЈА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ПО ОДРЖАНИОТ ПРОТЕСТ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

20.11.2019 година

Денес, Синдикатот на УПОЗ писмено се обрати до Министерката за правда Рената Дескоска, во врска со одржаниот протест на 15.11.2019 година во сите судови во Р.Северна Македонија, кое го пренесуваме во целост:

"Синдикатот на УПОЗ, заедно со Здружението на судската администрација, поттикнати од незадоволството на вработените во Судската служба, заради нецелосната и селективна исплата на вработени кои штрајкуваа во судовите во 2016 година а за кои се обезбедени средства, како и од одлуките за додатоци на плата и нееднаков третман на вработените за месеците септември и октомври, на ден 15.11.2019 година, одржаа протест пред судовите во РСМ, во траење од 09.30 – 11.00 часот.

Повеќе...

СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ОДЛУКИТЕ НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ

15.11.2019 година

rsz 20191115 100317

Судската администрација во сите судови низ државата на 15 ноември 2019 година од 9:30 до 11 часот протестираше изразувајќи го незадоволството од состојбите во судството. Вработените протестираа против одлуките на Судскиот буџетски совет за нерамномерно зголемување на додатоците на плата за судиите и судските службеници но и за недонесувањето на конечна одлука за исплата на платите за дел од вработените што учествуваа во штрајкот во 2016 година.

Членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ и Здружението на судска администрација се собраа на протест пред судските згради за да го искажат незадоволството на вработените во Судската служба и против одлуките на Судскиот буџетски совет кој на разни начини ги опструира и не сака да ги врати парите од штрајкот на дел од вработените, пари кои преку преговори и разговори со Владата на РСМ ги обезбеди Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација. Револтот беше насочен и против Одлуките за додатоци за плата за септември и октомври.

Повеќе...

СЕ ОДРЖА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

14.11.2019 година

rsz img 5658

На редовната Годишна конференција на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) учествуваа и министерот за информатичко општество и администрација Манчевски, како и претставници од министерството за правда. Оваа конференција беше поделена во два дела. Во првиот дел стана збор за актуелните законски измени кои се однесуваат на административните службеници, правосудните органи и другите закони кои ги засегаат членовите на Синдикатот на УПОЗ, а во вториот за досегашните и идните активности.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) ја одржа Годишната конференција на која учествуваа претставници на синдикалните организации членки на Синдикатот на УПОЗ, како и претставници на членовите на Советот на ССМ од Синдикатот на УПОЗ, Надзорниот одбор, Статутарната комисија, Секцијата на млади и Секцијата на жени.

Повеќе...