ЌЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА СИГУРНИ РАБОТНИ МЕСТА
19.11.2018 година
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) Пецo Груjoвски учествуваше на јавната расправа за Предлог законот за инспекциски надзор каде што пред почетокот даде изјава во врска со најавите на Владата на Република Македонија за реформите во администрацијата и за најавите дека на крајот на следната година ќе има понуда до дел од вработените во администрацијата да заминат во приватниот сектор.
При тоа тој рече дека во поглед на изјавите околу наводниот вишок на јавната администрација како Синдикат се малку затекнати бидејќи во првичните преговори со Владата и од јавните изјави на ресорниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и на премиерот на Владата на РМ Зоран Заев им било кажано дека ниту еден јавен службеник од јавната администрација нема да биде отпуштен од работа.