• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

ЗОШТО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Е ПОСТОЈАНО НА УДАР?

11.05.2020 година

Подолг период а особено со почетокот на кризата, јавната администрација е мета на бизнис заедницата, поединци и министри кои како да се натпреваруваат кој повеќе ќе ја претстави неосновано и без аргуманти во негативно светло. Вистинската сликата на јавната администрација, за Синдикатот на УПОЗ, е поинаква и пореална. 

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ), остро се спротивставува на личните ставови на Министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска, а кои се однесуваат за кратење на платата на јавната администрација, кои се нејасни и создаваат забуна во јавноста.

Можеби некој требал да ја подучи министерката дека како носител на јавна функција и тоа една од најодговорните во државата, личните ставови да си ги чува за себе. Или пак, тоа не се нејзини лични ставови, туку ставови на одредени лица од бизнис заедницата кои неосновано атакуваат врз администрацијата и упорно ја пласираат идејата дека ако не се скратат платите на администрацијата, на економијата во државата и нема спас.

Повеќе...

УСПЕХОТ Е ЗАЕДНИЧКИ

02.05.2020 година

Изминативе денови објавивме јавно барање до Владата да ја смени одредбата со која се овозможуваше отпуштање работници во фирмите кои користат државна поддршка за надминување на економската криза предизвикана од пандемијата. По брзата и солидарна мобилизација на повеќе организации и синдикати, Владата ја смени штетната одредба. Ја поздравуваме одлуката на Владата и се надеваме дека, во интерес на довербата, нема да ретерира од неа, под притисок на бизнис заедницата која егзистира од работниците.

Успехот е заеднички! Сите кои се обединивме и водени од заеднички интереси веднаш го кренавме својот глас против неправдата сме заслужни за ова - работничките и работниците, активистките и активистите, здруженијата, синдикатите, сите граѓанки и граѓани, целата јавност.

Повеќе...

ЧЕСТИТ ПРВИ МАЈ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ

30.04.2020 година 

rsz 2prvi maj upoz konecno 001

ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС 2020

Сегашната криза, предизвикана од прогласената пандемија на Ковид-19, ја затекна нашата држава во услови на распуштено Собрание и Техничко-партиска Влада. Владата се одлучи да оди со навидум силни заштитни мерки, а фактички по линијата на послаб отпор и префрлање на сиот товар од Кризата на „малиот човек“, кој добива пониска плата, кој го губи работното место и постојано е под некој притисок. Но најбогатите . продолжуваат да се богатат на маката на сиромашните, да жнеат „воени камати“, да си исплаќаат дивиденди, да плаќаат пониски даноци, па дури и да добиваат државна поддршка за наводно „изгубените“ профити?!?!

Повеќе...

ЈА ПОЗДРАВУВАМЕ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ДА ГО ПРИФАТИ АПЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И ТОВАРОТ НА КРИЗАТА ДА ПАДНЕ НА ПОБОГАТИТЕ

30.03.2020 година

Сметаме дека Одлуката на Владата со која јавната администрација ја иззема од исплата на минимална плата е разумна и солидарна и истовремено апелираме до сите вработени во администрацијата, особено до членовите на Синдикатот на УПОЗ, оваа Одлука да ја сфатат како можност да покаже дека таа е професионлна и одговорна.

Во оваа прилика сакаме да потенцираме дека Синдикатот на УПОЗ за цело време од отпочнувањето на здравствената и економската криза во државата и последиците што таа ги предизвикува, од која најмногу се и ќе бидат  погодени работниците, укажувавме и предлагавме мерки со кои баравме товарот да падне врз побогатите. 

Повеќе...

ЕВЕ КАКО СЛОВЕНИЈА ЌЕ СЕ СПРАВИ СО КРИЗАТА - ГРАЃАНИТЕ ВО ПРЕДЕН ПЛАН

30.03.2020 година

Словенечката Влада го претстави т.н. “Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневното заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот “Корона Закон” со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра. Целта на овие закони е да се ублажи финансискиот удар врз граѓаните и економијата поради епидемијата на корона вирусот.

Според одлуката, сите само вработени, кои поради епидемијата не можат да остварат соодветен приходи, ќе добијат помош од 700 евра, а државата ќе им ги плати и придонесите.

Повеќе...