ВТОР СОСТАНОК НА КОНЗОРЦИУМОТ НА ПРОЕКТОТ "ПРАВА НА РАБОТА, РАБОТАТА ЗА ПРАВАТА"
12.04.2019 година
Нашите синдикални партнери од Република Српска, односно Синдикатот на Управата на Република Српска кој е носител на проектот ,,Правата на работа, работа за правата”, а во кој активно учествува и Секцијата на млади на Синдикатот на УПОЗ се состанаа за заеднички да ги разгледаат и анализираат резултатите добиени од прашалникот од националното истражување „Дали сте запознаени со Вашите работнички права”, но и да ги утврдат идните проектни активности. Во работата учествуваа претставници на повеќе синдикати од регионот, меѓу нив и претседателот на Секцијата на млади Бојан Трипуноски.