• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

РЕАКЦИЈА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ВО ВРСКА СО НАЈАВЕНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

13.11.2018 година

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ), реагира на висината на најавеното зголемување на платите во јавната администрација бидејќи истото во ниту еден случај не може да ја подобри материјалната и социјално - економската положба на вработените во администрацијата и правосудството.

Разочарувачки е да се каже, но скоро 70% од вработените во државната администрација и правосудство примаат плата која е под просекот на државата. Моменталната нето плата на вработен во државна администрација со 25 години стаж во работењето и високо образование се движи од 20.000,00 денари до 22.000,00 денари. Дури и со зголемување на платите од 5% повторно процентот на вработени во државната администрација и правосудство кои имаат примања под републичкиот просек ќе биде огромен.

Повеќе...

ГОДИШЕН СОСТАНОК НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ: ФИНАЛИЗИРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ И СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

07.11.2018 година

rsz slika upoz

На конференцијата на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ која се одржа на 06.11.2018 година и на која учествуваа Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Министерот за прада Проф. д-р Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристоски главна тема на расправа беа неколку прашања: потпишување на Гранскиот колективен договор за административните службеници, службениците вработени во правосудните органи и другите вработени во државната управа и правосудните органи, зголемување на платите на административните и вработените во правосудството (судски службеници, јавно - обвинителски службеници и вработените во КПУ и ВПУ)  и другите вработени во јавната администрација, Измени на Законот за судска служба во делот на додатоците на плата и нивна исплата, враќање на незаконски одземените плати на судските службеници за време на штрајкот во 2016 година, исплата на додатоците на плата на јавно обинителските службеници и уште многу други прашања значајни за правата од работен однос за членовите на Синдикатот на УПОЗ.

Повеќе...

ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МЛАДИТЕ ЧЛЕНОВИ ПРИ СИНДИКАТИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕПСУ, ДЕБАТИРАА ЗА ПРЕСТОЈННИОТ КОНГРЕС НА ЕПСУ КАКО И ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ

04.09.2018 година

08.31 09.01 Youth Network meeting IMG 5839 950px

Од 31.08 до 01.09.2018 година, околу 30 учесници од 23 европски земји, на кој учество зема и претставник на Синдикатот на УПОЗ, одржаа средба по деветтиот пат на младинската мрежа на ЕПСУ во Софија - Република Бугарија.

Ова беше прв состанок од обновувањето на мрежата минатата година во Берлин, каде беше избрана управна комисија со цел да се подобри репрезентативноста на младите работници во ЕПСУ. Дебатата на оваа средба беше насочена на Конгресот кој треба да се одржи во јуни 2019 година во Даблин, а со цел да се зголеми учеството на повеќе млади делегати и набљудувачи.

Повеќе...

ОТПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР

29.08.2018 година

sredba

Со средбата меѓу претставниците на Владата и Синдикатот на УПОЗ во понеделник 27.08.2018 година, и официјално почнаа преговорите за потпишување на грански Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата.

Во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) на 27.08.2018 година, се одржа работна средба меѓу претставници на Синдикатот на УПОЗ и Министри од Владата на Р. Македонија на која официјално започнаа преговорите за потпишување на Колективниот договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата.

Повеќе...

ВЕТУВАЊЕ ДЕКА АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ ЌЕ СЕ РЕШАТ ЕТАПНО

24.08.2018 година

rsz 1122

Наоѓање на конечно решение за враќање на задржаните плати за време на штрајкот и временска рамка за исплата на истите, измена на Законот за судска служба, зголемување на платите во судовите и обвинителствата, решавање на проблемите на вработените во судската и затворската полиција и исплаќање на обврските спрема вработените беа дел од прашањата за кои се разговараше на средбата со Министерката за правда Проф. д-р Рената Тренеска-Дескоска.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски заедно со Генералниот секретар Трпе Деаноски, Претседателот на Здружението на судска администрација Борче Тасевски потпретседателот за правосудство на Синдикатот на УПОЗ Верица Тасева, членот на Извршниот одбор и Претседателството на Синдикатот на УПОЗ Насуф Ќамили и претседателот на Синдикалната организација на јавните обвинителства Изабела Илиева остварија работна средба со Министерот за правда проф. д-р Рената Дескоска и Директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ.

На средбата претставниците на Синдикатот на УПОЗ ја запознаа министерката за моменталната состојба и растечкото незадоволство на вработените во судовите и побараа итно решение за проблемот со задржаните плати за време на штрајкот во 2016 година и измена на Законот за судска служба.

Повеќе...