Повторно судската служба е на улица. Повеќе од 1000 членови на Синдикатот на УПОЗ, активно зедоа учество на овој протест. Пред почетокот на судската ферија, се одржа дво-часовен протест, само од Скопските судови, со кој што се побара исто зголемување на плата како функционерите 78% и враќање на додатоците на плата. Членовите на Синдикатот на УПОЗ, од сите судови во државата денес во Скопје, повторно да го побараат истото. Овие луѓе овде за секое право што го добиле морале да се борат, ништо никогаш не им било дадено. Во 2002 година, 80 дена штрајк. Во 2016 година, 60 дена, штрајк.

Вработените во Јавните обвинителства од денеска стапуваат во ШТРАЈК.

Нашите барања се: зголемување на платите за 78% и враќање на додатоците на плата во висина од 35%.

За време на одржување на штрајкот, вработените во јавните обвинителства нема да работат, нити да  бидат на своите работни места.

Повеќе од 50 млади синдикални активнисти од Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Грција, Турција и Босна и Херцеговина, беа учесници на Првата Академија за млади Синдикални лидери, која се одржа во Чајн – Црна Гора.

Од 15. Септември, врз основа на заеднички изработена наставна програма за неформално образовани на синдикалните активисти, тие се запознаа со основите на синдикализмот, улогата и значењето на синдикатите и нивната неопходност од соодветна заштита на трудот и сите други социјални права. Фокусот беше на потребата за зајакнување на младинските секции и создавање нови генерации млади синдикални лидери кои ќе дејствуваат како мотиватори, едукатори и пример за останатите членови.

По најавениот протест кој ќе се оддржи на 28.09.2023 година (четврток), Претседателката на Врховниот суд г-ѓа Беса Адеми ги покани преставниците на Синдикатот на УПОЗ на работа средба. 

Од страна на Синдикатот на УПОЗ на оваа средба, беа присутни Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, претседателот на Синдикалната организција при Апелационен суд Скопје Лилјана Зафирова, претседателот на Синдикалната организцаија при Основен суд Велес Горанчо Чолаков, претседателот на Синдикалната организација при Основниот граѓански суд Ристе Лашковски и претседателот на Синдикалната организација при Основниот суд Кавадарци Трајанка Бошева.