• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

20.03.2019 година

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ учестуваа на јавната расправа по Предлог законот за инспекциски надзор при што во текот на дискусијата ги изскажаа забелешките на синдикатот во однос на овој закон.

Во Собранието на Република Северна Македонија на 19 март 2019 година се одржа 70-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која беше организирана јавна расправа по Предлог законот за инспекциски надзор.

На Комисијата свое учество зедоа генералниот секретар на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) Трпе Деаноски кој ги изнесе забелешките по однос на овој закон и претседателот на одборот за инспекциски надзор Димитар Гаќев.

 Пренесувајќи ги забелешките во името на Синдикатот на УПОЗ во врска со Предлог законот за инспекциски надзор Деаноски рече дека иако законотот е Lex specialis и треба да ги регулира сите права од работен однос на инспекторите, повторно се воочува поврзаноста со Законот за административните службеници, особено во категоризацијата и звањата на инспекторите и се уште опстојуваат проблематичните категории: советник инспектор, самостоен инспектор, помошник инспектор и помлад инспектор.

 Нелогично е, зошто доколку овој Закон треба да биде Lex specialis се дозволува платите на инспекторите да се регулираат со друг закон, односно со Законот за административни службеници. Доколку интенцијата е инспекторите да добијат на значење и да се издвојат од останатите вработени во администрацијата поради специфичноста на нивната работа и ризикот на работењето, би требало со овој Закон да се регулираат и месечните примања со кои би се издвоиле од останатата администрација”, рече во дискусијата генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Следна забелешка на овој Предлог закон е во делот на изборот на членовите на инспекцискиот совет. Синдикатот на УПОЗ смета дека еден од условите за избор на членови на инспекцискиот совет треба да биде и претходното  работно искуство на членот во инспекторатите што во овој случај тоа не е предвидено и единствено се бара работно искуство од областа на дипломирањето.

И во однос на изборот на директорот на инспектортатот беше побарано ова да не биде политичка функција туку за директор на инспекторат да биде именувано или избрано лице кое ќе произлезе од институцијата и ќе ја познава работата на инспекторатот.

Синдикатот на УПОЗ има забелешка и во однос на месечните планови и извештаи пришто Деаноски сугерираше наместо месечен план и месечен извештај да се предвидат годишни или квартални планови и извештаи, бидејќи според него со изготвувањето на извештаи непотребно ќе се обременува работата на инспекторите. Ако на ова уште се надоврзе и недоволниот број на инспектори тогаш навистина работното време на иснпекторите  наместо на терен ќе поминува во канцеларија пишувајќи извештаи. Токму затоа, покрај ова, Синдикатот на УПОЗ смета дека е потребно вработување на нови инспектори и пополнување на испразнетите работни места, бидејќи скоро сите инспекторати имаат многу помал број вработени од она што е предвидено во правилниците за систематизација.

Според Синдикатот, потребно е да се предвидат и нови звања.

Да се предвидат нови звања за инспекторите од категоријата В, односно инспекторите да не бидат на исто ниво со административните службеници. Не јасно е какви работни задачи би извршувало лицето на ниво Б1 – Генерален инспектор”, се запраша и ги запраша изготвувачите на законот генералниот секретар Трпе Деаноски, кој исто така ги отвори и дилемите во однос на оценувањето сметајќи дека оценувањето се доведува во прашање поради не доволниот број вработени инспектори, кои поради ваквата ситуација повеќе работат на вонредни надзори отколку на редовни кои се зацртани во нивните планови и според кои тие се оценуваат.

Она, пак што го смета за позитивно Синдикатот на УПОЗ и кое е за пофалба е предвидениот додаток на плата за ризик од 30%, наградувањето и осигурувањето од несреќа при работа.

На јавната дебата во Собранието покрај пратениците и претставниците на Синдикатот на УПОЗ учествуваа и невладини организации, институции и други засегнати страни.