• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

02.04.2019 година

rsz kolektiven dogovor

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) на 01.04.2019 година одржа работен состанок со синдикалните организации коишто го имаат започнато процесот на преговори со работодавачите за склучување на поединечни колективни договори.

Синдикатот на УПОЗ и синдикалните организации кои се влезени во преговарачкиот процес за потпишување на поединечните Колективни договори, на состанокот  разгледаа до каде се овие процеси, но разговараа и за детектираање на проблемите доколку ги има, се со цел да се изнајдат и решенија.

Во таа насока, претставниците од синдикалните организации кои имаат започнато преговори за склучување на Колективен договор истакнувајќи ги „проблемите“ со кои се соочуваат во преговорите, ги нотираа и забелешките од работодавачите со кои се среќаваат. Па така, беше констатирано дека еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат речиси сите синдикални организации, е тоа дека работодавачите не се доволно запознаени со колективното преговарање ниту пак со колективните договори воопшто. Од таму како голема пречка во започнување на преговорите се јавува и ставот на одредени работодавачи да не се започнуваат преговори за поединечен Колективен договор се додека не се потпише гранскиот Колективен договор, што апсолутно е погрешна теза.

Друг проблем со кој се соочуваат претставниците на синдикалните оганизации се одредбите во Колективните договори кои се однесуваат на платите, надоместоците и додатоците на плата за вработените, односно финансиите. Имено, со оглед на фактот дека платите на речиси сите синдикални организации на Синдикатот на УПОЗ се финансирани од буџетот на државата, потребни се големи напори работодавачите да се убедат дека и на вработените во управата треба да им се исплаќаат надоместоци на плата (регрес за годишен одмор, јубилејни награди, 13-та плата и др.) право кое што го имаат работниците во приватниот сектор.

Состанокот резултираше со заклучок дека активностите и преговорите за склучување на Колективни договори не треба да престанат иако во моментов е започната кампањата за претседателски избори, и веднаш по завршување на изборите да се пристапи кон склучување на Колективни договори во синдикалните организации.