• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

27.04.2021 година

Продолжуваме транспарентно да ја афирмираме работата на Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ. Така, во периодот помеѓу две седници на Комисијата за солидарен фонд, беа одобрени 177 барања во износ од 752.400 денари, парична помош за членовите на Синдикатот на УПОЗ по најразлични основи.

Комисијата за солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ на 27.04.2021 година, ја одржа својата 32-та сединца, на која беа разгледани поднесените барања на членовите на Синдикатот на УПОЗ по разни основи.  Поднесени и одобрени беа шест барања по основ парична помош за боледување во вкупен износ од 30.100 денари. Две барање беа одобрени по основ елементарна непогода во износ од 20.000 денари и едно барање по основ парична помош за лекување во износ од 30.000 денари а шест барања беа одобрени по основ парична помош позајмица (школување и лекување) во износ од 150.000 денари.

 

Во периодот меѓу двете седници од 12.03.2021 година до 26.04.2021 година, согласно Правилникот беа одобрени и испалтени вкупно 177 барања во вкупен износ од 752.400 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – шест барања во износ од 18.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – шест барања во износ од 120.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – седум барања во износ од 70.000 денари
  • Парична помош за пензионирање – 10 барања во износ од 29.400 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 145 барања во износ од 480.000 денари (за исплата на парична помош за заболени членови од вирусот Ковид – 19)
  • Парична позајмица за лекување – две барања во износ од 35.000 денари.

Досега од почетокот на пандемијата на вирусот Ковид 19, одобрени и исплатени се 704 барања по овој основ. Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе продолжи да ја следи ситуацијата со пандемијата и навремено ќе им помага на своите членови.