• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

17.06.2021 година

На последната средба меѓу преставниците на Синдикатот на УПОЗ и Министерот Маричиќ која се одржа на 20.05.2021 година, бевме информирани дека се подговтуваат нови закони за пресметување на плати во судовите и обвинителствата и дека ова зголемување ќе оди за сите вработени во правосудството истовремено. Синдикатот на УПОЗ го прифати таквите предлози и побара, да нема парцијално зголемување на платите, само за одредена категорија вработени, туку тоа да оди во пакет за сите вработени во судовите и обвинителството.

На вчерашното гостување на Министерот за правда Бојан Маричиќ во Утрински брифинг, тој ретерираше со своите ставови и изјави дека овие проблеми ќе се решаваат системски, и дека сите вработени во судовите и јавните обвинителства ќе добијат зголемеување на платите.

 

Синдикатот на УПОЗ беше затекнат од изјавите на Прес конферецијата на Министерот одржана во понеделникот со Здружението на судиите, од причини што на последанта средба која се одржа на 20.05.2021 година, од страна на Министерот ни беше укажано дека зголемување на платите за судската администрација (судската служба, судската полиција и помошно техничкиот перосонал) и јавно обвинителската служба ќе бидат донесени во пакет. Како репрезентативен Синдикат кој ги преставува вработените во судовите и јавните обвинителства, сметаме дека не треба да бидеме исклучени од процесот на преговори за зголемување на плати, затоа што може да придонесеме за правилно зголемување на платите за оваа група на вработени, како и тоа дека Синдикатот е социјален партнер и овластен да преговара за правата од работен однос.

Најавеното зголемување на платите за судиите во износ од 15 % и зголемување на платите на судската и јавно обивнителската администрација во висина од 15 %, не се соодвестува со реалниот надомест кој ќе го добијат. Затоа Синдикатот на УПОЗ нема да се согласи со предложениот процент од 15%.

Од тие причини, Синдикатот на УПОЗ побара средба со Министерот за правда, најдоцна до 23.06.2021 година, на која ќе го пренесе своето барање и процентот за зголемување на плата со кој ќе бидат задоволени вработените во судовите (судската администрација, судската полциија и помошно техничкиот персонал) и јавно обвинителската служба.