• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

07.07.2021 година

На 08.07.2021 година, во Рагуза 360 во Скопје, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, ќе го одбележи јубилејот 30 години од форимрањето на Синдикатот. Оваа прослава, беше планирана да се одржи во месец април, но поради пандемијата на вирусот Ковид 19, истата беше одложена.

Пред 30 години, во месец јули, е формиран Синдикатот на УПОЗ како правен следбеник на Републичкиот одбор на управата, правосудството и финансиските организации на Македонија. За таа цел, утре согласно сите препораки на Комисијата за заразни болести, ќе се одбележи овој значаен јубилеј како за Синдикатот на УПОЗ, така и за синдикалното движење во нашата држава.

На прослава, покрај членови на Синдикатот на УПОЗ ќе присуствуваат Министерот за правда Бојан Маричиќ и Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и повеќе синдикатите од странство, со кој Синдикатот на УПОЗ оставрува непосредна соработка.

По повод 30-ет годишнината од формирањето на Синдикатот на УПОЗ, ќе биде промовирана Монографија насловена “Синдикат на УПОЗ од формирањето до денес, преку која ќе биде пренесен развојниот пат на Синдикатот од формирањето до денес.

На прославата, ќе бидат доделени и благодарници на истакнати членови и соработници на Синдикатот на УПОЗ, кои континурано повеќе од 15-ет години, дале соодветен придонес и го афирмирале Синдикатот низ годините наназад.

Повеќе информации, за овој настан, ќе бидат објавени во текот на утрешнио ден.