• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

10.12.2021 година

 rsz_120211210_131128.jpg

Трпе Деаноски со акламација беше избран за Претседател на Синдикатот на УПОЗ. На Конгресот беше избран и Надзорен одбор а се усвоија и Извештајот за работа на Синдикатот на УПОЗ меѓу 7.Собрание и 8.Конгес, Измените и дополнвуањата на Статутот на Синдикатот на УПОЗ како и Програмските активности за период 2021 – 2026 година.

Денес, 10.12.2021 година, во Хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа Осмиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ под мотото “САМО ЕДИНСТВЕН СИНДИКАТ Е МОЌЕН СИНДИКАТ”.

На Конгресот од вкупно 71 делегат присутни беа и зедоа учество во работата 66 делегати. Како гости на Конгресот присуствуваа делегации од братските синдикати од регионот од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Турција.

По усвојувањето на Деловникот за рабоат на Конгресот беше избрано работно претседателство во состав од пет членови и тоа: Александар Диље од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кој воедно беше и Претседавач на Осмиот Конгрес, Насуф Ќамили од Основниот суд Тетово, Магдалена Спасова од Општина Велес, Зоран Георгиевски од Државниот завод за статистика и Пецо Грујовски како Претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски се обрати пред присутните делгати и гости, кој се осврна на активностите кои Синдикатот на УПОЗ ѓи имаше меѓу 7.Собрание и 8.Конгрес. Како едно од најголемите достигнувања во овој период, истакна претседателот Грујовски е потпишувањето на Гранскиот колективен договор за вработените во државната администрација, со кој се утврдија права кои низ годините наназад беа изгубени.  

На Осмиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ се расправаше за Извештајот за работата на Синдикатот на УПОЗ меѓу 7.Собрание и 8.Конгрес, Извештајот за Финансиско – материјалното работење на Синдикатот на УПОЗ меѓу 7.Собрание и 8.Конгрес, Измени и дополнувањата на Статутот на Синдикатот на УПОЗ како и за Програмските активности за периодот 2021 – 2026 година. Сите овие документи кои беа доставени до Делгатите на Осмиот Конгрес и беа усвоени едногласно и без забелешки. Покрај усвоените материјали, Осмиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ ја усвои и Резулоција за платите во управата и правосудството (кликни тука).

Конгресот на Синдикатот на УПОЗ по усвојувањето на документите од Осмиот Конгрес, заради истек на мандатот ги разреши досегашните членови на Претседателството, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ и членовите на Надзорниот одбор. Работното претседателство на Осмиот Конгрес во име на сите присутни му изрази особена благодарност на досегашниот претседател на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, кој беше на чело на Синдикатот во два мандати. Неговиот придонес е значаен со активностите кои ги имаше Синдикатот на УПОЗ како и придонесто кој претседателот Грујовски го има во сиот изминат период во синдикалното движење во Македонија.  

Осмиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ по разрешувањето на Претседателството, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ и Надзорниот одбор премина на усвојување на Предлог – Одлуката за бројот и составот на Претседателството, Предлог – за можен кандидат за претседател на Синдикатот на УПОЗ и Предлог – за членови на Надзорниот одбор. За членови на Надзорниот одбор беа избрани Мијалче Дургутов од Државниот завод за ревизија, Меџди Мемети од Основниот суд Тетово и Драгица Јованова од Општина Гевгелија.

Врз основа на изветајот на Кандидационата комисија, беше верификуван мандатот на преставниците во Претседателството кое ќе се конституира на првата седница. Предлогот на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ од седницата одржана на 20.10.2021 година, кое позитивно ја оцени работата на Трпе Деаноски и едногласно го достави предлогот на изјаснување на синдикалните организации како можен кандидат за Претседател. На седницата на Претседателството одржана на 30.11.2021 година врз основа на доставените записници, Претседателството го утврди Трпе Деаноски како можен кандидат за Претседател на Синдикатот на УПОЗ и овој предлог му го достави на Конгресот на изјаснување.

Со оглед што Трпе Деаноски доби безрезервна поддршка и масовна поддршка од синдикалните организации, делегатите на Осмиот Конгрес го избраа со акламација.

rsz_20211210_112812.jpg