• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

29.12.2021 година 

На 28.12.2021 година, Комисијата за солидарен фонд со цел да им излезе во пресрет на членовите на Синдикатот пред новогодишните празници, ја одржа својата 1-ва седница во новиот состав, на која беа разгелдани барања по најразлични основи поднесени од членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу двете седници, беа реализирани 148 барања од кои 147 барања се неповрати средства во износ од 549.100 денари и 1 позајмици за лекување во износ од 20.000 денари.

Комисијата за солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ, на ден 28.12.2021 година (вторник) ја одржа својата прва седница во нов состав. За членови согласно Одлуката на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ беа избрани Илија Смилев, Горан Рајковски од Воено медицински центар, Нимет Беќири од Фондот за здравствено осигурување, Игор Трајковски од Агенцијата за катастар на недвижности и Арменд Ибраими од Царинската управа на РСМ.

На седницата беа разгледани барања на членовите по разни основи. 11 барања беа поднесени и одобрени пооснов парична помош за боледување во вкупен износ од 77.900 денари. Шест барања беа поднесени и реализирани по основ за загрозена материјална состојба во вкупен износ од 37.000 денари, три барања беа реализирани по парична помош за лекување во вкупен износ од 18.000 денари, а беа одобрени и четири позајмици (школување и лекување) во вкупен износ од 104.000 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 28.10.2021 година до 27.12.2021 година, согласно Правилникот беа одобрени и испалтени вкупно 148 барања во вкупен износ од 569.100 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 17 барања во износ од 51.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – едно барање во износ од 20.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 11-ет барања во износ од 110.000 денари
  • Парична помош за пензионирање – 15 барања во износ од 44.100 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 92 барања во износ од 288.000 денари (исплата за заболените членови од Ковид 19);
  • Парична помош за прваче – 12 барања во вкупен износ од 36.000 денари и;
  • Парична позајмица за лекување – едно барање во вкупен износ од 20.000 денари.

Комисијата за солидарен фонд и натаму навремно ќе помага на членовите на Синдикатот, согласно правилникот за солидарен фонд.