• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

13.04.2022 година

На 12.04.2022 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата трета седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 88 неповратни барања во вкупен износ од 412.200,00 денари а беше одобрена и една позајмица за лекување во износ од 20.000,00 денари.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања, на 12.04.2022 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата трета седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

 

По основ парична помош за боледување беа поднесени девет барања а реализирани се седум барања во вкупен износ од 51.000 денари. Три барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 19.000 денари. Исто така на седницата беа разгеледани и пет барања за парична позајмица по разни основи а беа одобрени вкупно седум позајмици во вкупен износ од 134.000 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 17.02.2022 година до 11.04.2022 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 89 барања во вкупен износ од 433.200,00 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 11 барања во износ од 33.000,00 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – пет барања во износ од 100.000,00 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – девет барања во износ од 90.000,00 денари
  • Парична помош за пензионирање – 23 барања во износ од 67.200,00 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 39 барања во износ од 120.000,00 денари (исплата за заболените членови од Ковид 19);
  • Парична помош за прваче – едно барање во износ од 3.000,00 денари и
  • Парична позајмица за лекување – едно барање во износ од 20.000,00 денари.

Комисијата за солидарен фонд на оваа седница ги разгледа и спорните предмети кои беа околу 30-тина барања за парична помош за заболување од Вирусот ковид 19, и донесе заклучок дека треба да се почитува одлуката на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ со која сите барања кои се поднесени после месец февруари, истите да бидат одбиени како ненавремено доставени.