• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

01.07.2022 година

rsz_20220630_162313.jpg

На ден 30.06.2022 година, во просториите на Општина Струмица, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Струмица. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Струмица Никола Стоилов од едната страна и Градоначалникот на Општина Стумица Костадин Костадинов од дргата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Струмица и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.  

 

Градоначалникот Костадинов, истакна дека во овие сложени услови за работа, работодавачите мора да им помогнат на вработените и со потпишување на Колективниот договор и усогласување на платите со порастот на минималната плата, ќе се амортизира ударот на инфлацијата.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, изрази големо задоволство од постигнатите решенија и потпишвуањето на Колективниот договор и истакна дека само преку социјален дијалог можат да се решат сите отворени прашања на вработените.