• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

21.10.2022 година

Крива планака.jpg

Денес, 21.10.2022 година, во просториите на Општина Крива Паланка, се потпиша нов Колективен договор за вработените во Општина Крива Паланка. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпиша Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Крива Паланка Зоран Павловски од едната страна и Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски од другата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорносите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Крива Паланка и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата од јануари 2023 година, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата. 

Претседалот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, изрази големо задоволство од постигнатите решенија и потпишувањето на Колективниот договор и истака дека само преку социјален дијалог можат да се решат сите отворени прашања на вработените.