Формирана нова синдикална организација и потпишан колективен договор со Вардарски плански регион

На ден 11.08.2023 година, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективен договор за вработените во Вардарски плански регион.

Радува фактот што оваа синдикална организација се формираше самоиницијативно во месец јули и двете страни одма преминаа кон преговори за потпишување на Колективен договор.

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Вардарски плански регион Михајло Вчков од едната страна и Директорот на Вардарски плански регион Сашо Мошев од дргата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Вардарски плански регион утрврдување на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, награда за успешност, можност за 13-та плата итн.

Epsu

Видеа

More Videos
Watch the video