• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

28.12.2022 година

Унапредување на соработката, присуство на Синдикатот во работата на Судскиот буџет, продолжување со исплатата на додатоците на плата на судската служба беа дел од прашањата на Синдикатот на УПОЗ на првата средба со новоизбраниот претседател на Судскиот совет г-ѓа Весна Дамева и заменикот претседателот г.Селим Адеми

Претставници на Синдикатот на УПОЗ, на првата средба со Претседателката на Судскиот совет, проследија низа барања за заштита на правата на членовите и вработените во судската служба.

 

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ го честиташе изборот за претседател на Судскиот совет на Р. Македонија, а воедно побара соработката помеѓу Синдикатот и Судскиот совет да се подигне на повисоко ниво бидејќи истата во изминатиот период беше на најниско можно ниво.

Исто така, беше побарано исплатата на додатоците на плата да биде во ист износ за судските службеници и судиите за да се намали незадоволството кое моментално владее во судовите.

Претседателката на Судскиот совет изрази подготвеност за подобрување на соработката помеѓу Синдикатот и Судскиот совет и како прва мерка за подоврување на соработката е отворената покана претставник на Синдикатот на УПОЗ да присуствува во работата на седниците на Судскиот буџетски совет.

Од нејзина страна беше истакнато дека работата во судовите е тимска и дека судиите не можат без судската служба но и дека судската служба не може без судиите, а воедно истакна дека во иднина сите отворени прашања ќе се решаваат заеднички и со поддршка на Судскиот совет на РСМ и Судскиот буџетски совет, во рамки на своите надлежности.