• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

22.01.2018 година
Разговор со министерот за правда за реализација на договорените активности.
Изнаоѓање на правно издржано решение за исплаќање на незакоснки задржаните плати за време на штрајкот во судовите од 2016 година.

 

Продолжување со исплата на додатоците на плата во јавните обвинителства, Измена на Законот за судска служба и потпишување на Колективен договор за правосудството беа дел од прашањата на кои се разговараше на средбата со министерот Билен Саљији, а како продолжение на работната средба со Премиерот на Р. Македонија одржана на 26.12.2017 година.

На 18.01.2018 година, Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ Пецо Грујовски, заедно со Генералниот секретар Трпе Деаноски одржаа работна со Министерот за правда Билен Саљији со што се продолжи динамиката за изнаоѓање одржливи решенија за проблемите на работниците во правосудството како што беше договорено на средбата одржана кај Премиерот на Р. Македонија.

Главно прашање на кое се разговараше на средбата беше предлогот на Синдикатот на УПОЗ за исплата на незаконски задржаните плати за време на штрајкот во судовите како и измени на Законот за судска служба, потпишување на Колективен договор за правосудството, изнаоѓање на решение за продолжување за исплатата на додатоците на плата за јавнообвинителските службеници и воспоставување на вистински социјален дијалог.

Министерот за правда ја потврди истакнатата заложба дека отворените прашања и проблеми ќе се решаваат на законски начин и со отворен дијалог со Синдикатот, а исто така истакна и дека ќе ги подржи сите барања на синдикатот кој се реални и кои одат во полза на работниците.