1. Осигурување на моторни возила и домаќинства
Кроациа осигурување
Поголема заштеда и повеќе осигурителна заштита со пакетите на Кроација Осигурување
Никој не може да ја предвиди иднината, но паметните луѓе планираат однапред. Несреќи и катастрофи можат да се случат и се случуваат, и ако не сте соодветно осигурени, тоа може да ве доведе до финансиска пропаст. Факт е дека поединци мислат дека осигурувањето е непотребен трошок, без да разберат дека е важно да имаме осигурување, бидејќи нѝ овозможува да пресретнеме непредвидени ситуации. Осигурувањето е потребно за да го заштитиме своето здравје, покривот над главата и сето она што го имаме стекнато. Притоа, имаме можност да одлучиме што точно сакаме да осигуриме – својот дом, возилото, дали сакаме да добиваме поквалитетна здравствена услуга или да се заштитиме од несреќи во земјата или кога патуваме.
Кроација осигурување подготви три осигурителни пакети – CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR кои претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, така што секој може да одбере она што смета дека му е најважно да го осигура. Овие пакети, кои нудат и гратис производи, истовремено обезбедуваат и дополнителни бенефити и голема заштеда за клиентот.
Основниот пакет CRO START ги содржи осигурувањата кои најмногу ги користат граѓаните и се најпотребни – Домаќинско осигурување, Каско осигурување на патнички возила и Осигурување од незгода, индивидуално или семејно. Притоа, со оглед што за Домаќинско осигурување постојат три вида пакети, секој може да избере покритие кое најмногу му одговара. Така, во зависност од изборот, пакетот може да покрива ризици од пожар, удар од гром, експлозија, град, излевање на вода, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, кражба, поплава, снежна лавина, лизгање и одронување, вандализам, кршење стакла за застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи и слично.
Каско осигурувањето на патнички возила обезбедува комплетна финансиска сигурност на возилото. Ова осигурување вклучува кршење и оштетување на автомобилски стакла без франшиза,сообраќајна незгода, удар, лизгање, паѓање на предмет или удар од некој предмет, пожар, надворешно дејство, удар од гром, експлозија, град, снежна лавина, поплава и кражба. Дополнително може да се вклучи и покритие за трошоци за влечење и извлекување возило.
Осигурувањето од незгода, пак, покрива повеќе неприлики и можат да се договорат различни ризици од последица на несреќен случај, трајна загуба на општата работна способност и трошоци за лекување. Осигурувањето од незгода е просторно и временски неограничено.
Пакетот CRO SMART е паметен пакет кој става акцент на највредното во нашиот живот – здравјето и домот. Тој вклучува Домаќинско осигурување, Осигурување од незгода и Доброволно здравствено осигурување (ДЗО), односно пакетот Crocare+ која покрива 100% трошоци за одредени здравствени услуги во приватни здравствени установи на територија на Р.С. Македонија и Европа.
Додека пак поволноста на пакетот CRO SUPERIOR е тоа што во себе ги вклучува трите најважни осигурителни производи: домаќинско осигурување, каско осигурување и доброволно здравствено осигурување.
Само еден момент може да биде пресуден, а неизвесноста на животот нè прави да бидеме претпазливи и навреме да се осигураме и да го заштитиме она што ни е најважно.
За подетални информации обратете се на Томислав Поп Илиев на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 077 771 853.
Евроинс Осигурување
ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Ви нуди единствена понуда за користење на осигурителните услуги за членовите на Синдикатот на УПОЗ во сите градови на Република Македонија, со можност за плаќање на 10 месечни рати преку задршка од плата на вработениот.
Понудата се однесува на користење на сите типови на осигурување:
- Осигурување од автомобилска одговорност и ЕВРО КАСКО
- Зелен картон
- Каско осигурување на моторни возила
- Домаќинско осигурување и ЕВРОДОМ
- Патничко осигурување
Условите за користење на услугите важат само за членовите на УПОЗ, при што неопходната документација која мора да ја поседуваат при набавка на осигурителната полиса е:
ИЗЈАВА И АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА (потпишана од барателот, осигуреникот и заверена административна забрана со печат и потпис установата во која работи)
ПОТВРДА за издавање на полиса за осигурување (потпишана и заверена од установата во која работи)
Полисите можат да се подигнат во Експозитурите на Евроинс Осигурување, низ целата држава, со приложување на потврдите.
За секоја дополнителна информација, телефон за контакт:
- БИЛЈАНА Леова 075/32-51-51 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- ВЛАДИМИР Живковски 075/366-977 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
За повеќе информации посетете ја ниванта веб страница:
www.evroins.com.mk
2. Животно Осигурување
Кроациа Осигурување
Кроациа Осигурување Живот-АД е единствена компанија која за членовите на Синдикатот на УПОЗ нуди Осигурување на Живот.
Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот е прва осигурителна компанија со добиена лиценца за продажба на полиси за осигурување на Живот во Р.Македонија, дел од осигурителната групација на Croatia Osiguranje d.d.
Иновативноста, знаењето и постојаната грижа за Корисниците не прави лидери во полето на осигурување на живот. Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 125 години.
ЗОШТО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ???
Уникатноста на овој производ се содржи во интегрираноста на штедната и осигурителната компонента. Осигурувањето на живот се смета за најсовршен облик на штедење.Осигуреникот преку вложување/штедење на средства истовремено ги ужива бенефитите од осигурување на живот и обезбедува финансиска сигурност на децата, сопругот/та, повозрасните родители или сите други кои сака да ги заштити од ризикот кој го носи динамичниот современ живот.
Животното осигурување тежнее кон покривање на идните потреби т.е. има карактер на наменско штедење и одржување на животниот стандард кога способноста за заработување е намалена (во пензионерски денови, изнемоштеност, неспособност за работа и сл.).
КОЈ ИЗНОС НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ ВИ Е ПОТРЕБЕН???
Одлуката кој износ на осигурително покритие е потребен е условена од Вашите тековни и идни финансиски обврски (образование на деца, одржување на домот, трошоци за патувања, потребни средства за лекување, средства за финансиска сигурност во пензионерски денови итн).
Во случај на смрт на осигуреникот преку Осигурвањето на Живот треба да се формира фонд на финансиски средства преку кој останатите членови од семејството ќе можат да ги покријат трошоците за кредити, школување, трошоци за секојдневни потреби итн.
ПРОИЗВОДИ:
Индивидуално Осигурување на Живот
Детско штедно осигурување
Кроациа Рента
Напомена: За членовите на Синдикатот на УПОЗ е креиран посебен компетентен тим на Кроациа Осигурување-Живот со цел да се даде приоритет на Вашите барања.
Согласно пристапната старост, пол и посебните индивидуални барања ќе изработиме прилагодена конкретна понуда за различните видови продукти согласно интересот.
Контакт лице:
Маја Станковска Костова
Фиксен тел: 02/3215-083 лок. 103
Мобилен тел: 071/345-797
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
3. Регистрација на моторни возила и авто школи
Здружение на возачи на град Скопје
ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ за членовите на Синдикатот на УПОЗ нуди плаќање по НАЈПОВОЛНИ услови.
За сите членови на Синдикатот на УПОЗ (вклучувајќи ги и членовите на нивните потесни семејства) ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ нуди плаќање на ШЕСТ (6) рати за услугите за изготвување на комплетна документација и вршење технички преглед и регистрација на возила.
ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ ги нуди своите услуги на територијата на град Скопје. За локациите за технички преглед на ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ НА ГРАД СКОПЈЕ кликни ТУКА.
Лице за контакт:
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- ПОТВРДА (заверена од страна на претседателот на синдикалната организација)
- ИЗЈАВА (потпишана од членот на Синдикатот на УПОЗ)
- АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА (заверена од страна на работодавачот)
*НАПОМЕНА: Членовите на Синдикатот на УПОЗ без потребната документација немаат право на користење на услугите
АСУЦ - Боро Петрушевски
АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ - Скопје ги нуди своите услуги на територијата на град Скопје.
Кликнете тука за да ги разгледате поволностите кои се однесуваат само за членовите на Синдикатот на УПОЗ.
Лице за контакт: Александар Јованов 075/217 232
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: