НАМЕРНА ГРЕШКА ИЛИ УШТЕ ЕДЕН ПРЕВИД НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ
12.11.2019 година
Синдикатот на УПОЗ писмо се обрати до Судскиот буџетски совет со барање за примена на Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на плати во РСМ согласно кој е утврдено правото на зглемување на плата од 5% во 2019 година.
Во обраќањето Синдикатот на УПОЗ се повикува на Одлуакта на Владата на РСМ, објавена во Службен весник на РСМ бр.4 од 10.01.2019 година, утврдено е дека вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2019 година, за период од 01.01.2019 година до 31.08.2019 година изнесува 77.24 денари, а за период од 01.09.2019 до 31.12.2019 година изнесува 81.10 денари.