СЕ ПОИЗВЕСНО Е ДЕКА ДВЕТЕ БАРАЊА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОЗИТИВНА РАЗРЕШНИЦА
13.12.2018 година
После низата разговори и разговорот што беше остварен денес со Министерката за правда Рената Дескоска се поизвесно е дека ќе се изнајде решение и за барањето околу враќањето на незаконските одземени средства на судските службеници од 2016 година. Приоритетното прашање во врска со додатоците на плата, со измените на Законот за судска служба е пред реализација.
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) Пецо Грујовски, заедно со Претседателот на здружението на судска администрација (ЗСА) Борче Мирчевски, во текот на денешниот ден остварија средба со министерката за правда Рената Дескоска на која се разговараше за конечната верзија на измените на Законот за судска служба и се бараше решение за враќање на незаконски одземените пари за време на 60 дневниот штрајк на судските службеници во 2016 година.