Синдикатот на УПОЗ: Нема лоши работници има лоши раководители, а да се престане со лошите квалификации изречени кон административните службеници
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) Пецo Груjoвски и Генералниот секретар Трпе Деаноски учествуваа на завршната конференција во рамки на проектот ВеБЕР, финансиран од Европската Унија и Кралството Холандија, на која беше презентиран првиот Национален мониторинг извештај за спроведувањето на реформите, а главна тема беа самите реформи на јавната администрација.
Во дискусијата која што се разви претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски осврнувајќи се на последните изјави на министерот Манчевски дека доколку не се добие датум за преговори ќе се ревидира одлуката за покачување за 5 % на платите на административците рече дека Синдикатот не се согласува со селективното покачување на платите, а за лошите состојби рече дека се последица на минатите времиња кога не беа земани во предвид нивните забелешки.