ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА РОСОМАН
30.09.2022 година
Денес, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, беше потпишан Колективниот договор за вработените во Општина Росоман. Овој Колективен договор беше потпишан од страна на Синдикатот на УПОЗ кој беше преставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Росоман Слободан Гелевски од едната страна и градоначалникот на Општина Росоман Стојан Николов од другата страна.